За да не пишуваме се во другата тема, еве нова само за оваа сезона.
Лани гледавме интересни утакмици, а годинава да се надеваме на уште подобри. 32 тимови ќе се борат за шампионската титула почнувајќи од 16ти септември па се до 6ти јуни. Германија, Шпанија и Англија имаат по 4 преставници, а бугарскиот Лудогорец и шведскиот Малмо ќе дебитираат оваа година во Лигата на Шампиони.
Актуелен шампион и бранител на титулата е Реал Мадрид кој лани во финалето го победи градскиот ривал Атлетико Мадрид, и ја освои 10тата титула. Со таа титула Реал е прв на листата, позади него е Милан со 7 а третото место го делат Ливерпул и Баерн со по 5. Финалето оваа година ќе се одигра на олимпискиот стадион во Берлин.
Квалификациите беа интересни за следење, имаше и неколку изненадувања. Како на пример поразот на Селтик од Марибор, победата на Лудогорец над Стеауа на пенали, другите си имаа лесни задачи. Леверкузен против Коченхаген, Порто против Лил итн...
Јас најмногу се радувам што Ливерпул повторно се враќа во Лигата на Шампиони, за жал нема да ги гледаме Милан и Јунајтед. Фаворит оваа година мислам дека е тешко да се каже кој ќе биде, Барселона, Реал, Баерн, Челзи, сите овие се јаки тимови и верувам ќе има супер утакмици. Јас навивам за Ливерпул, а втора омилена екипа ми се Дортмунд, значи не би имал против и ако Дортмунд освои. Далеку е 6ти јуни, сега најбитно е да уживаме во убавиот фудбал.
Не ги заборавам и групите.
Group A: Атлетико Мадрид, Јувентус, Олимпијакос и Малмо
Group B: Реал Мадрид, Базел, Ливерпул и Лудогорец
Group C: Бенфика, Зенит, Баер Леверкузен и Монако
Group D: Арсенал, Борусија, Галатасарај и Андерлехт
Group E: Баерн, Манчестер Сити, ЦСКА и Рома
Group F: Барселона, ПСЖ, Ајакс и Апоел
Group G: Челзи, Шалке, Марибор и Спортинг
Group H: Атлетик Билбао, Шахтјор, Порто и Бате Борисов