Uefa Champions League 2014/15

Кој ќе биде шампион?

  • Барселона

    Гласови: 0 0.0%
  • Баерн Минхен

    Гласови: 0 0.0%
  • Челзи

    Гласови: 0 0.0%
  • Арсенал

    Гласови: 0 0.0%
  • Борусија Дортмунд

    Гласови: 0 0.0%

  • Вкупно гласале
    3
  • Poll closed .

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
А Венгер не се ни поздрави со на Монако тренерот, како издржа да не стане уште кога примија два голови, за да не го гледа срамот.
Монако во групната фаза постигнале 4 голови, на Арсенал им дадоа 3.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Јас би две фејспалм за Челзи колку се неспособни, и каква слика даваат за Премиер лига како први на тронот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не ми се верува дека Челси дадоа гол со ширење мртвило по теренот. Ама кој мерак ми се направи кога Луиз им даде гол.
Коста ѓубре невидено е, имаше среќа и благослов од судијата инаку досега најмалку два црвени заслужи.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Челси кои критики ги јадеа на скај, а и заслужија да излезат. Јас годинава не ги сметам ни за фудбалски тим затоа што не ни играат фудбал нити во ПЛ нити во ЛШ. Прво немаат никаква почит кон противниците, судиите им дозволуваат да маваат ќотек (особено на Коста), ако дадат гол играат типично катанаџо и гледаат само да провоцираат. Таков тим не заслужува да биде дел од ПЛ.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Каков мерак ми се направи со победава на ПСЖ мх мх
Челзи не беа лош тим ама Мурињо кај стапне носи само мртвило во игра. На реал што им правеше, еве го и денес - челзи има играч повеќе а он идиотот се брани и дефанзивец внесува место да засили средина и да ја држат топката само додека тече време. Уф како сум се радувала на голоивите на ПСЖ
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Океј ми е фудбалот што го игра, сепак игра на резултат, но фаворизирање од страна на судија, плус она копилено Коста сакам често да губат. Денеска ПСЖ им покажаа како се игра фудбал и победува во нивна игра со играч помалку. И тоа не било кој, туку без најдобриот во екипата!

Секоја му чест!
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Видов хајлатс, сериозно треба да размислат да го отпуштат Мурињо на крај на сезона, претерано калкулантски потези па и со играч повеќе. (facepalm) Ајде да беше Норич па се брани нешто ова она, ама Челзи со онакви играчи кои можат да се носат со било кој тим во светот... која брука.

Од друга страна се помалку ќе имаат успеси екипите од ПЛ во европски такмичења пошто физички е презахтевна играта во ПЛ, секоја утакмица е на нож и се повеќе на граница на инциденти, еден Лестер не можеш рутински да го добиеш... а тоа ќе ескалира уште повеќе поради парите од нови договори за тв-права кои ги делат рамноправно па така и до година Борнмут или некои слични ќе гризат до даска за бодови, многу повеќе пари се добиваат со играње во ПЛ него во ЛШ, затоа не за џабе финалето на плеј-офот од Чемпионшип е мејк ор брејк утакмица.

Можеби во иднина подобро да играат во европа со втори состави, младинци и слично, ради реда и онака е преголем хајпот за ЛШ. Сериозно бе, 7-0 во 1/8 финале резултати гледам имало:rofl
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Скоро баш читав една анализа за дебаклот на Англиските клубови во УЕФА и баш се збореше околу тоа дека речиси невозможно е да ги добиеш двата фронта. Во Англија паѓа крв за било каква утакмица, пример за Лига Куп кој патем носи награда од 100 000 фунти се играше со најдобрите состави и паднаа по 18 фаули од двете страни. Единствени кои годинава се држат во европските натпреварувања се Евертон, ама затоа пак во Премиер лига малку фали да излезат. Манчестер Сити се обидоа да состават ростер кој ќе има доволно за два комплетно различни состави со слична игра, ама не им успеа и веројатно ќе отпаднат од ЛШ.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Тибам и автобус и се. Значи со играч помалку. На шо личи она. Она не е Челси под Ди Матео. Барем подобар фудбал се играше тогаш. И со 10 играчи се победи Барселано. Вчера ако Челси имаше 10 играчи, резултатот ќе беше 0:3. Кутриот Азар, ја бакнуваше земјата. А Коста да се однеси во Мексико и да изиграва петел во таквите борби.