Uefa Champions League 2014/15

Кој ќе биде шампион?

  • Барселона

    Гласови: 0 0.0%
  • Баерн Минхен

    Гласови: 0 0.0%
  • Челзи

    Гласови: 0 0.0%
  • Арсенал

    Гласови: 0 0.0%
  • Борусија Дортмунд

    Гласови: 0 0.0%

  • Вкупно гласале
    3
  • Poll closed .

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не ме потсетувај :(
Имав пишано дека после таа година почнав да навивам за Ливерпул, ама да знаев дека вака ќе е, не ни почнував. Сега останува да се избори место во Европа наредна сезона, а како тргнале и без тоа ќе останат.

Бенитез еднаш изјави дека би се вратил во Ливерпул, не знам дали имало нешто конкретно или само онака, ама би било одлично, како за клубот така и за ПЛ :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Бенитез еднаш изјави дека би се вратил во Ливерпул, не знам дали имало нешто конкретно или само онака, ама би било одлично, како за клубот така и за ПЛ :)
Нема шанси да дојде јас мислам. Освен ако не е луд или ако Ливерпул му е многу драг па да сака да направи нешто, иначе не знам зашто би доаѓал во оваа калакурница. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
25fhqxi.jpg


:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Денес само Рома - Сити ќе биде интересна. На Рома мислам и нерешено и одговара за да оди понатаму, освен ако Цска не го победи Баерн. Јас мислам дека Сити ќе победи на педерски начин. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Клуб со име цска. ц`ска, цаска, беља за гласните жици :kafeПред некој ден ги даваа Рексам против Меидстоун Јунајтед на спортклуб (едните конференција, другите којзнае од каде се) и секогаш би преферирал таков меч отколку онакви со цска, мска, рома, салцбург, динамо припиздина, хетафе, шахтар, раткапна 99, вери јанг бојс и слични...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Какви голови паднале вчера на Галата - Арсенал, дури сега видов. Голот на Ремзи за 0:3 еден од најдобрите до сега во ЛШ, а и на Снајдер беше одличен гол од слободен.


За денес знаев дека Сити ќе тепа, поминаа педерите. И Шалке се протна понатаму.
А на Арсенал ако им се падне Баерн значи стварно се баксузи.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Псж - Челзи
Шахтјор - Баерн
Базел - Порто
Шалке - Реал
Јувентус - Борусија
Сити - Барселона
Арсенал - Монако
Леверкузен - Атлетико

Од ова мислам дека Арсенал најдобро помина, Монако не е некој тим кој може да направи нешто, така да тука би требало Арсенал лесно да помине.
Шалке ќе биде торпедиран во двете утакмици.

Сити и Барса ќе биде добра утакмица, типувам на Барса овде.

Јувентус - Дортмунд исто би требало да е супер утакмица, италијаниве не се за потценување а Дортмунд годинава има две страни, се надевам Јуве ќе налета на таа полошата.
Другиве не ме интересираат.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ајде почна и ЛШ. :)

Вчера Баерн само со бод се врати од Украина, овие Шахтјор тврд орев биле. Ама во Германија нема што да бараат, очекувам торпедирање.

Псж и Челзи изгледа играле некој онака досаден меч, само 1:1 и мислам дека Челзи без проблеми ќе помине, нема да дозволат да примат гол во Англија ќе застанат во одбрана сите.

А вечер што знам, Шалке - Реал ќе ја давале на тв. Реал е фаворит нормално, мислам дека ќе победи со 1 разлика. Убава ќе биде атмосферата во Гелзенкирхен, навивачите најавуваа спектакл, па заради тоа ќе гледам само. Нека победи кој било. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Викаат многу досаден натпревар бил Шалке - Реал. Јас не го гледав дека не бев дома.
Се знаеше дека нема повторно Реал да даде 5 голови, ама и вака е завршена работата. Нема шанси Шалке да тепа 3:0 во Мадрид.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Леле Јувентус колку одвратна екипа ми се тоа е чудо. На чело со ушларот Тевез и глупиот Киелини, многу одвратна екипа жими се.
Немаа никаква игра, никаков напад, одбраната добра им беше дека беа сите назад. Да не беше одбраната на Борусија како кашкавал ќе си го прашам дали ќе победеше Јувентус. Два пати ги поминаа центарот и два гола дадоа. Борусија цело прво полувреме напаѓаше и никако да им бапне уште еден гол. Добро сега, треба ептен да се забегани да не го искористат ова, треба само да не примат гол дома, доволно е и 1:0 да си победат. :)

Сити беше жива срамота до 80 минута. Суарез 2 гола бам, кои се тие Сити бе, можеби не се одвратни како Јуве ама тука се некаде. Се надевам во Шпанија ќе изгубат 5:0 а Суарез хет трик ќе постигне.

За вечер не знам, победа на Арсенал и нерешено Леверкузен - Атлетико.