Мислам дека вештачката култура и манири се провидни и секоја паметна жена ќе ги уочи дека се извештачени и и зглумени... Но колку и да е добар глумец, кога тогаш како што кажа маските ќе паднат..и тогаш треба да проработи свеста и разумот...А шо ако во почетокот те третира како дама и ти го мести столот и ти чита поезија и е цар за романтики. Некогаш многу арно не е на арно, зад сето тоа може да се крие и нешто друго. Некогаш маските паѓаат побргу, некогаш подоцна, ваљда зависи од увежбаноста. Некогаш па паѓаат милиметар по милиметар, па не можеш да сфатиш шо ти се случува пред очи. И додека се свестиш веќе е презаплеткано за да може едноставно да се пресече. Сѐ бива и секому сѐ може да се случи, каков и да е како карактер.
Никогаш за ништо не е рано или касно...И колку и да е заплеткано и испреплетено секогаш постои решение...можеби болно ама сепак е решение.