Ги сакаат зашто станува збор за фаза. Дали ќе биде минлива е индивидуална ствар. Следствено на ова можеме да кажаме дека и мажите се заљубуваат во курви и тоа добар дел.
Девојки кои се лепат за мажи што не им обрнуваат внимание или "паѓаат" на финта - Ќе те барам (исчезнал со недели) или откажувањето еден час пред излегување те подредува во реална или замислена листа на која истите девојки се незаинтересирани за грижливи мажи.
Непочитувањето и надменоста која си ја дозволуваат ваквите момци е клучна ствар зошто девојки се вртат околу нив. Се буди анималното т.е врткањето околу плен, а момакот ужива да биде "ловен".
Во таков случај не е возможно двајца пленови да се привлекуваат. Генерално едниот се ложи на ловење, другиот се ложи да е ловен. Најчест случај е привлечна девојка која бира, првиот и е интересен зашто е "исклучок", бидејќи ретко се налетува на таков за разлика од момци за кои не е потребно пропорционално вложување на труд за вниманието кое го добиваат. Секако постојат и оние што бираат се друго, освен машки пленови.
Види, не е страшно тоа, ако е минливо. Секој кој наебал и паднал на човек кој не го ценел и уважувал тоа што сме го правеле, односно сме вложувале труд да го изградиме, треба да е свесен за ценење на сопствена етикета и продолжување напред.
Ако премине во навика е лошо. Лошо е кога туѓата садистична изопаченост за нанесување емоционална болка станува фетиш и те наведува во залудна потрага по ефтини фалсификати на претходниот садист.