Нема никој да ја убие Серси, а и зошто би. Освен Арја ама има време додека стигне до тоа, сега ја гледаме мие мртовци така да уште малку ќе почека за да ја убие.Сите ги изгледав од прва до последна. Навлечена сум на нив и чекам нови... Најинтересно ми е што се случуваат неочекувани моменти уште од старт... очекуваш едно се случува друго.... Кој знае на старецот што не ќе му текне да напише... али нека го поживеат Старите и Новите Богови да ни напише уште многу!
Како лик ги обожавам Ариа,Џон и Калиси... Но не е иннтересно да биде Калиси цело време јака,така да во последната сезона убаво видовме дека и опаѓа силата...Ланистерови пропаднаа кај и да е чекам и Серси да ја утепаат ... Ама па и без неа нема да биде интересно....
Калиси да не е глупа до сега ќе ги запалеше сите, ама неа и е подобро да ослободува робови кои почнаа да одат против неа, како што видовме. Единствено нешто што и вреди и од кое и се плашат се змејовите кои од што е проста ги затвори ни криви ни должни. Ама добро, следува интересен тек на настаните па можеби ќе се израдувам и јас.
Секоја недела е најинтересно да се гледаат, онака те држи во неизвесност. Иако некогаш не се издржува.
Јас се чудам зошто не видовме Бран до каде е, можеби нема да го има ич сезонава. Што би било разочарувачки.