Уште пет епизоди имам од седмата сезона. Можам да кажам дека секоја сезона е се поинтересна од претходната, има повеќе интриги и се случува тоа што воопшто не очекуваш.
Мој омилен лик е Tyrion Lanister a.k.a the Imp, заради тоа што е препаметен, саркастичен, прави шеги на своја сметка, но најјак ми беше кога се одмазди на човекот кој никогаш не го прифатил како негов син. Секогаш навредуван и исмејуван заради неговата висина, не дозволува туѓите зборови и навреди да влијаат на неговата психа. Научен да ги слуша истите погрдни зборови уште од мали нозе, знае и да се шегува на сопствена сметка. Ниту еден член од фамилијата не го сака, освен брат му. Овој лик ги има моите симпатии уште од првото појавување.
Исто така ми се допаѓа Ayra Stark. Знае ли девојката за страв ? Очигледно не. Храбра и желна за одмазда. Шестата сезона мислам дека е расплет на се она што сакаше. Многу ми беше жал кога бегаше и се криеше, се правеше дека е момче само за да не ја убијат. Итра, снаодлива, вешта со својот меч, безстрашна.
John Snow ми е симпатија. Еден од ретките со убави црти во серијата. Слична судбина има како Тирион, но и со овој лик има премногу пресврти и неочекувани случки. Сите му викаат дека ништо не знае.
Се заразив и јас со серијата, сега ќе чекам нова сезона како сите што се опседнати. На почеток мислев дека се предава преголемо значење и дека не е ништо посебно серијата. Луѓето ја сакаат затоа што не победува тој што е добар, туку се зависи од сплетот на околности. Нема добар лик во серијата, туку праведни, неправедни и злобни.
И така зима доаѓало