*Ох, да додадам уште едни на листата молачи (постои зборов?) за лајк. Цуриве за Мис Фејсбук.
Абе се посраа. Да можат да те натераат 5 лажни прифили да направиш и да гласаш за нив, ќе те натераат.
Ми се чини и од позади ќе се дадеа за да им лајкнеш слика да одат тие во Кина. А пак тек сега кога останаа само 10, ќе биде покољ. Ужас, 15-16 годишни испраќаат. Тоа детиште, недозреано и со уште неоформено тело, го опнале на штикли и во мини сукњиче. Па не знам кој таму е полуд. Децава, организаториве, родителите или сите у пакет.
*Вечните лајкачи на страни. Немаат муда за очи во очи разговор или да пишат нешто директно самите, па спамаат со страни кои им ги опишуваат моменталните чувства. Колку трогателно.
*Оние што кликаат share на секоја можна песна што ќе ја слушаат на youtube. И секоја е најјака и он/а се пронашол/ла во неа.
*За секој лајк фејсбук донира по еден цент за кутрото бебенце што боледува од рак.
Пусти Цукерберг и тимот негов, мораат само да седат и да бројат лајкови и на секој лајк да одделуваат по еден цент, оти ако не постоеше нашиов хуман народ да лајке, никој друг немаше да се погрижи за кутрото бебенце да не умре. Па то X-Men нација со исцелителско-лајкачки моќи сме ти биле.
*„Најсмешен сум ако споделам квази смешна слика и под неа пишам хехехе за да се знае дека имам смисла за хумор и сум се изнасмеал/а“ фаците. Сериозно, јас не знам да прогуглам funny images и да ја споделам првата!
*А јаките ебачи никој не ги спомнал досега. Обично во 10 навечер за статус им стои „Ово че бити добра ноч предосечам“, а веќе во 12 иде статус „Бооо братче каква ноќ, јаки пиќина...“ пропратени со срамежливо-скриена информација за меѓу редови да сфатиме дека ќарел некоја. Ама не дека он сака да се фали, едноставно цуре воле младиче и њихове штапиче.