4FUN,
имаш силна морална поддршка од мене да се откажеш!Пробај со некоја спортска активност да надоместиш за адреналинот. Во Скопје живееш? Излези и трчај на кеј 10 км, или на Водно, пешачи, качувај се... па да видиш како после нема сила за ништо да имаш. Јави и’ се на џенцката, видете се кога ти доаѓаат нагони. Зборувај со твоите, не се срами од тоа! Знам дека е полесно да се каже, отколку спроведе, но верувај во себе!
Мој близок другар пред 6 години заглави во тоа, се задолжи десетици илјади евра кај лихвари и босанска мафија, и на крајот му жежеше под нозе, го бркаа низ град. Заврши во босанско село, работејќи на бавчи и ливади за да ги покрие долговите...
Ни до денес не знам што и како се случува со него, ниту пак дали е жив... 6 години изгубен секаков контакт. Неговите родители се психички уништени.
А во однос на тоа што е полошо, па коцкањето, секако! Коцкањето почесто повлекува и криење, лажење, крадење... кој било начин да се дојде до пари, за да одат да се „вратат“ веќе загубените - за на крај и тие да се изгубат. Плус, веќе некој спомена дека коцкарот потешко се забележува и открива.
Токму тоа е една од причините поради кои е полошо. Коцкарите се кријат по секоја цена додека можат... Обично кога се разоткриваат се веќе длабоко навлезени во го*на и очај. Алкохоличарот и кога малку потпивнува се препознава, но ај препознајте коцкар додека почнува и губи по петстотче, илјадарче...
ако го прашуваш Игор Џамбазов ќе ти каже дека ни тоа ни тоа не е лошо ниту полошо...
Остави го ти него, тој си ја искористи популарноста и почитта што ја ужива кај луѓето, и ги откри своите гревови... за на крај од нив да направи профит, и да се врати во живот, пишувајќи книги, појавувајќи се на интервјуа и слично - и најважно,
ПРАВЕЈЌИ ПАРИ!... Но тоа важи само за Игор, што ако некој „обичен“ смртник се појави и со потрогателна приказна од неговата? Ништо, а се појавил - а не...