Коцкање vs. алкохолизам - што е полошо?

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Добро утро на сите :D
Ако има ваква тема веке може да иде во канта или да се спои.
Се надевам дека нема да има караници и надмудрување на темава кој што пишал,кој како кажал.
Ве молам да избегнеме караници.

Сега за темава малку.Што според вас е полошо и зошто?Дали се лекуваат овие пороци?Дали е лошо по околината во која живееме?

Чекам ваши мислења :)

Едит: исто така можете да дадете мислење и за дрогата како порок во споредба со овие 2.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Од страна гледано , алкохолизмот е многу полош од коцкањето - пијан човек секој може да примети на улица, а коцкарот можеш само во казино да го приметиш !!!

не сум алкохоличар, не верувам дека и некогаш ке бидам - пијам само за забава (party)
а што е до коцкањето ... мх :banghead
долго време се коцкам, никогаш не сум прокоцкал голема сума на пари, се до пред десетина дена, кога изгубив доволно за да можам да купам некоја кола со тие пари :gjavol ( JaMi ми е сведок )
си дадов збор, дека после нова година, никогаш веке нема да се коцкам , освен покер и чат-пат кладилница (обложувалница)

за лекување , не знам дали може човек да се излечи од ова... еден вид на адреналин е кој никогаш не е доста !
многу пати сум се "откажувал" ,ама пак исто и исто :place
ништо не ми е интересно ако нема што да добијам/изгубам од тоа ... карти да играм за забава !? никогаш , неможам ни фудбал да гледам, ако не сум се обложил на тој натпревар...

сега ми останува да видам каков каратер сум, дали ке си го одржам зборот даден на себе .
 

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Не сум алкохоличар ниту коцкар. Последно нешто што било е 50 ден. во обложувалница летоска кога бев во Струга. Да не му кршам атер на пријателот. Дали се лечат? За алкохоличар сум чул дека „се излечил“ поради здравствени проблеми. За Коцкар не сум чул. Е сега што е полошо? Лично познавам жени чии мажи се алкохоличари, ниедна не е среќна. Некои се и тепани. Исто така и лично знам некои коцкари кои не можат да престанат, иако веќе поради коцкарски долгови изгубиле куќа или стан. Колата е ситно. Не сум чул дека некој „ја испил“ куќата, но сум чул дека ја прокоцкал. Има примери кога ќе остари (ако остари) да прекине со пиење. Со коцката не прекинува на старост. Ако 4FUN успее во намерата тогаш браво за него. Му посакувам да успее! И никогаш да не се коцка, дури ни ако влогот е гума за џвакање :))) Па и да не гледа фудбал, мои другари не следат спорт па живи се. Заборавив да напоменам жените на коцкарите често се осамени по цели ноќи, а кога ќе им се врати сопругот тој е често нервозен поради големата сума што ја изгубил. Најчесто се разведуваат. Се на се, тешко е да се каже што е полошо. За мене и едното и другото е подеднакво лошо. :(
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Според мене и двете се подеднакво лоши. Луѓето кои се заробени со овие пороци се луѓе со слаби карактери и не сум најсигурна дали постои лек. Единствено доколку некој друг интервенира и му помогне.

Алокохол му го уништува разумот, телото, изгледот и однесувањето на човекот. Тешко може да се потскрие алкохоличар, можеби само на краток период. Алкохоличарот пие се што ќе најде, се што поседува дома и колку што има пари додека е излезен надвор. Најчесто, алкохоличарите се агресивни луѓе и можат да повредат друг. Има луѓе кои станале алкохоличари бидејќи го конзумирале секој ден од забава, а има и луѓе кои поради одредена траума излезот или барем лекот за намалување на болката го нашле во алкохолот. Во секој случај, не се живее со алкохоличар и доколку тој има семејство, еден ден нема да има.

Коцкање... не знам зошто воопшо би почнале. Никогаш не ме привлекувало тоа, се надевам дека никогаш и нема. Но, познавам луѓе кои изгубиле илјадници и илјадници евра на коцкање. Со коцкањето можеш да изгубиш се што поседуваш, кола, куќа, и секако семејството. Со коцкање кога тогаш, се влага во долгови. Можеш да го изгубиш и својот живот така што ќе ти го одземат тие на кои им должиш огромни суми на пари.

Каков и да е порокот, тој го уништува животот и на тој кој го има и на неговите најбиски. И сметам дека каков и да е животот, не треба да се стекне никаков порок. На сета мака уште со порок да се замараш.
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Коцкањето е убава работа ако знаеш што правиш... Јас знам и неколку позитивни коцкарски приказни. :D
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
ако го прашуваш Игор Џамбазов ќе ти каже дека ни тоа ни тоа не е лошо ниту полошо... Ама во секој случај стануваш зависен. Ако се пијанчиш ќе ги трошиш сите пари на алкохол и нема да имаш повеќе за да си купиш уште. Ако се коцкаш ќе ја заложиш дури и куќата и пак нема да имаш ништо, дури ни кај да живееш али у секој случај си на:cenzuraл. Ако морам да изберам нека биде коцкањето како полошо :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio and МиГ 21

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Дуо од зла каде нема помало.
Секое повлекува свои последици и дава речиси исти резултати: неслога, раздор во фамилија, непарица и најлошо - се чувствува отсуството на тој што е навлечен на било кој од овие пороци, а чинам нема потешко нешто од тоа да гледаш како некој близок самиот се води во пропаст, а не дозволува да му помогнеш.
Мене дури и ми се поврзани некако. Познавам неколкумина кои, за жал, после поголеми загуби од коцкање, се свртеле кон алкохолот ко единствен излез, и што е потрагично, си ја повлекле целата потесна фамилија надолу со себе.
Лек...пф...лек си е мозокот. Потребна си е цврста волја и карактер. Уште еднаш, само уште еднаш, е најголемата лага со која се тешат овие т.н. зависници. Слаби карактери, нема никакво друго оправдување.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
4FUN, имаш силна морална поддршка од мене да се откажеш!Пробај со некоја спортска активност да надоместиш за адреналинот. Во Скопје живееш? Излези и трчај на кеј 10 км, или на Водно, пешачи, качувај се... па да видиш како после нема сила за ништо да имаш. Јави и’ се на џенцката, видете се кога ти доаѓаат нагони. Зборувај со твоите, не се срами од тоа! Знам дека е полесно да се каже, отколку спроведе, но верувај во себе!
Мој близок другар пред 6 години заглави во тоа, се задолжи десетици илјади евра кај лихвари и босанска мафија, и на крајот му жежеше под нозе, го бркаа низ град. Заврши во босанско село, работејќи на бавчи и ливади за да ги покрие долговите...
Ни до денес не знам што и како се случува со него, ниту пак дали е жив... 6 години изгубен секаков контакт. Неговите родители се психички уништени.

А во однос на тоа што е полошо, па коцкањето, секако! Коцкањето почесто повлекува и криење, лажење, крадење... кој било начин да се дојде до пари, за да одат да се „вратат“ веќе загубените - за на крај и тие да се изгубат. Плус, веќе некој спомена дека коцкарот потешко се забележува и открива. Токму тоа е една од причините поради кои е полошо. Коцкарите се кријат по секоја цена додека можат... Обично кога се разоткриваат се веќе длабоко навлезени во го*на и очај. Алкохоличарот и кога малку потпивнува се препознава, но ај препознајте коцкар додека почнува и губи по петстотче, илјадарче... :)

ако го прашуваш Игор Џамбазов ќе ти каже дека ни тоа ни тоа не е лошо ниту полошо...

Остави го ти него, тој си ја искористи популарноста и почитта што ја ужива кај луѓето, и ги откри своите гревови... за на крај од нив да направи профит, и да се врати во живот, пишувајќи книги, појавувајќи се на интервјуа и слично - и најважно, ПРАВЕЈЌИ ПАРИ!... Но тоа важи само за Игор, што ако некој „обичен“ смртник се појави и со потрогателна приказна од неговата? Ништо, а се појавил - а не...