1 телевизија (1tv.mk)

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Па баш А1 ги пробија турските серии и први почнаа да носат серии од таму. После сите видоа дека тоа пали и изнакупија триста турски серии.
@Marcello Ацо не е нешто посебно како новинар ама ипак има тежина, не е исто да стои Кабранов како главен уредник и некој од новиве со по максимум 3 години стаж. Било кој од политичарите да ги викне на интервју и дебата ќе дојдат (освен лицето Н.Г.), ако утре му треба ротација на тимот има авторитет да ја направи и слични работи. Мене не ми е толку лоша телевизијата, нормално не очекувам уште веднаш да биде нешто ко А1 во најдобри времиња.
 

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
58
1,028
33
И мене не ми е лоша телевизијава ама треба доста работа, ова што покажаа досега е просечно. ТВ Нова која пропаѓа моментално уште од старт технички и визуелно покажа доста повеќе. Боки јас мислам има пари и блиска е со сегашнава владеачка партија па можеше уште од старт ова да го направи на доста повисоко ниво а не рециклажа од она што останало во објектот на Томато.

Друго мора да поработаат на говорот, не се внимава се збори како им дојде а литературно многу малку.
 
Последна промена:

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Јас го гледав отварањето и не ми изгледаше лошо телевизијата ама не беше ни којзнае што. Се надевам ќе има некоја серија убава и нешто поинакво од другите телевизии.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
58
1,028
33
Таман си помислил нешто поиинакво можеби ќе понудат и ете го Сашо Ордановски да не трујат со политиката заедно на чело со уредникот Ацо Кабранов.

Јас разбирам дека треба политика ама премногу веќе наназад неколку години не отруја и ни ги полнат главите се повеќе и повеќе. Човек не може да си ја олади главата од таа политика.

А пак во шоу биз делот такви глупи и клише прилози како од времето на А1 Ексклузив, Бекстејџ, Зоки Фаци поставуваат . Прилог во кој ја прашуваат фолк пеачкана Велевска нешто за секс и за килограми и ја снимаат како вежба.

Аман до кога со овие прашања ?
 

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
58
1,028
33
Почнуваат со серии.

Тhe Bridge - Мостот почнува на 07.05 понеделник 19 и 45. Го земале Јово Брамс да им чита промо. Јово Брамс е доста познат по неговиот глас во многу македонски реклами.

Оваа серија скоро ја емитуваше и МРТ 1.
 

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
58
1,028
33
Ја гледа некој телевизијава тука од форумов ? Гледам ретко се коментираат теми за телевизија. Моментално имаат доста новости. Ново студио, нов концепт, водители плус вработија во телевизијава па тука се Александар Чомовски, Борјан Јовановски, Сашо Ордановски... Почнаа да се емитуваат и на Телекабел.

Од 01.10 понеделник во 20:30 часот почнува руската историска Екатерина или како што е насловот на телевизијава 1тв Екатерина Велика. Ова ќе биде интересно да се погледне.
ekaterina-B.jpg
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Некад им гледам клипови на јутуб. Може Сергеј е интересен, но мислам малку е претерано да плука јавно луѓе од инста, секако освен ако тие тоа не го дозволиле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ballet is my life

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
58
1,028
33
Meне Сергеј ми е претерано малку со критикувањето. Разбирам на моменти глуми, пука балони, се потресува, паѓа во несвести, божем се јавува на мерлинка, Бритни, Анџелина Џоли за да биде интересно за гледање ама сепак мене не ми е интересно и премногу ми е глупирање сето тоа. Наместо да каже што се нечини и што треба да се поправи, каде е грешката, па пример да дава поклони ваучери за шминкање, фризер, облека, да даде прилози направени за познатите модни креатори и ред други совети за шминка, за облекување он се глупира во програма во живо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ballet is my life

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Имав добро мислење за Боки се додека не си ја направи телевизијава.
Ко да му умрела циганката за фалење па мора сам да си се фали...
Тој човек мислев дека е интелигентна паметна личност, али всушност е само еден егоист. Да чека да се крене доволно прашина за да почне да помага и после истото тоа да го промовира преку неговата телевизија не е ни хуманост ни помош ни ништо. Една нула која ни со нула не може да се помножи!
Тотално се разочарав од тој лик, а тој па лигавиот ич не сакам ни да го коментирам, мислиш на клупа е со другарките па озборува и то ти е емисија еј срамота.
 

Anita Nikoloska

Староседелец
23 мај 2020
32
12
608
34
Мене телевизијата на Боки ми се допадна и внатрешно(бев на свечебото отворање со Лила Ф и тогаш го запознав и Бојан) .Искрено ми се допаднаа и емисиите што се емитуваа и емисиите во живо.
Дома со сопругот ја гледавме постојано но откако се затвори таа телевизија се префливме на Сител.
Инаку Боки ја имаше доста опремено телевизијата ја имаше целата изреновирано и мое мислење е дека Боки не е воопшто виновен за Рекет.
Бојан е НЕВИН во таа ситуација.
НЕ ТРЕБАШЕ ДА МУ ЈА ЗАТВОРАТ И ОДЗЕМАТ ТЕЛЕВИЗИЈАТА.
Инаку јас Боки 13 го подржувам и ќе го подржувам и понатаму во сите негови постапки.