Што со старите алишта?

Што му правите на старите алишта?

  • Ги користам за крпи и после ги фрлам.

    Гласови: 11 28.9%
  • Ги фрлам.

    Гласови: 4 10.5%
  • Ги чувам.

    Гласови: 13 34.2%
  • Ги давам во Црвен Крст или друга организација.

    Гласови: 8 21.1%
  • Ги давам на сиромашни.

    Гласови: 17 44.7%

  • Вкупно гласале
    38

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Ги давам на луѓе на кои им е потребна облека, притоа внимавам тие да не се со флеки , нечисти или искинати..многу ме навредува кога ќе видам луѓе кои имаат искината и неупотреблива облека која се решаваат да ја дадат не мислејќи ни малку, од типот абе ај ќе му ја дадам на некој циган....стварно не е во ред ...од таквата облека само бришалки за по дома може да се прават !
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Еден дел се трансформираат во крпи. Обично оние поедноставните и износени.
Некои пак (оние кои имаат историско значење) се чуваат во кутии... се' додека татко ми не реши да ги фрли без да знам.
Некои едноставно се губат. Други одат во Црвен Крст...
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Убавите алишта што сум ги одраснал од кога сум бил дете и од брат ми што ги одрастува се одамна раздадени...
Не сум човек кој се луксузира со облеката и работите ги менува брзо... постарите кошули, блузи и пантолони ги носам за работењето со колите, едноставните блузи и маици брзо успевам да ги скинам па ги правам крпи...Fini :D
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Порано здравите алишта кои сум престанал да ги носам ги ставав во пакет заедно со некои основни работи за лична хигиена (сапунчиња, паста за заби итн) и ги носев во Црвен Крст, но! Откако сфатив дека вработените ги отвораат кутиите си ги одбираат подобрите работи и до оние на кои што навистина им треба ништо не стигнува, почнав да дејствувам јас самиот.
Исто така спакувани си ги носам јас самиот на луѓе што ги познавам, а знам дека им требаат.
Баш денес спремавме пакетчиња со алишта што ги израснаа и двајцата џамбази, кога ќе се враќам за Кичево да ги дадам на пријатели.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Јас старите облеки ги носев во најблиската црква. Но, потоа ми рекоа дека не чинело така па ги давам на сиромашни селани во едно планинско село .
Порано ги носев во Црвен крст. Исто така ги давам на дечиња во потесното семејство. Не чувам облека која не ја носам.
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Тие алишта што не ги носам ги давам во домот за деца"11ти Октомври".Само незнам зашто не им купуваат,само чекаат некој да однесе облека во домот.
 

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Јас сум човек што лесно се врзува за предмети, па така и од некои алишта не можам да се одделам. Со мајка ми се имам скарано за џемпер што баба ми ми го плетеше кога бев помала зашто сакаше да го даде на некој.
А тие помалку битните парчиња ги даваме на луѓе што знаеме дека ќе ги носат и навистина им се потребни. Во близина каде што живеам има населба каде живеат социјални случаи во бараки, па често мајка ми ја донира облеката таму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene