Што подразбирате под Господ?

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
И да имам една причина ама не би зборела сега за тоа.

Кога треба да се одговори на вакво прашање Што подразбирате под "Господ",најдобро е да се опишеш себеси во две - три реченици,при тоа да биде застапено временски од своето доаѓање на овој свет,промените кои си ги доживеала,тоа што постанало од тебе и тоа што ќе биде од тебе.

Ако не се познаваме себеси,тоагаш најисправно е што напиша....
За тие што не ги знам, што не се родени, умрени ништо не зборам не ни сакам да зборам.



п.с.Личните причини се само твои,за нив не зборуваме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кога треба да се одговори на вакво прашање Што подразбирате под "Господ",најдобро е да се опишеш себеси во две - три реченици,при тоа да биде застапено временски од своето доаѓање на овој свет,промените кои си ги доживеала,тоа што постанало од тебе и тоа што ќе биде од тебе.

Ако не се познаваме себеси,тоагаш најисправно е што напиша....




п.с.Личните причини се само твои,за нив не зборуваме.


Јас пак да ти кажам, да не те лажат оние телемистите.
Ако си неверник, не веруваш во постоење на Бог - нема што да подразбираш или замислуваш што би претставувал тој поим. It`s like....whatever.
Ако си верник, природата на Бог е надвор од твојата (човековата) моќ на поимање, што повторно значи дека нема што да подразбираш или замислуваш. Само треба да веруваш и да се плашиш од Неговиот гнев. :pusi
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Јас пак да ти кажам, да не те лажат оние телемистите.
Јас пак да ти кажам, не е телемисти, ами телемити, не правете грешки. Си пишува убаво во Liber AL: Кој не нарекува Телемити, нема да згреши! Знам дека ова ти е whatever, но кога веќе не спомнуваш, да знаеш во иднина како е правилно и од каде, нели ;)

И еве ви линк за тоа кој како си го разбира божественото и доста со мешањето во туѓите пракси кои ви се страни и чудни!
Гледајте си го вашето искуство со божественото! Ако може мислам :)
„Црните“ бааги ви ги измешале картите и умот... штета! :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Јас пак да ти кажам, да не те лажат оние телемистите.
Ако си неверник, не веруваш во постоење на Бог - нема што да подразбираш или замислуваш што би претставувал тој поим. It`s like....whatever.
Ако си верник, природата на Бог е надвор од твојата (човековата) моќ на поимање, што повторно значи дека нема што да подразбираш или замислуваш. Само треба да веруваш и да се плашиш од Неговиот гнев. :pusi

"Јас" во текстот е верник,неверник или не постои?
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Кога треба да се одговори на вакво прашање Што подразбирате под "Господ",најдобро е да се опишеш себеси во две - три реченици,при тоа да биде застапено временски од своето доаѓање на овој свет,промените кои си ги доживеала,тоа што постанало од тебе и тоа што ќе биде од тебе.

Ако не се познаваме себеси,тоагаш најисправно е што напиша....




п.с.Личните причини се само твои,за нив не зборуваме.


Абе убаво си пишал ама нема благе везе ние не сме Господ ниту па треба да се споредуваме со него, а кога сме веќе кај него тој е само една замисла, идеална замисла која не знае за грешки, која секогаш ни ги решава проблемите, која секогаш е со нас кога ни треба, која секогаш е нај нај. Уствари ние благодарение на тоа и се крпиме во животот затоа што наводно знаеме дека постои некои над нас кој наводно не пази, штити и помага, а уствари се е до психа како и да е и јас имам еден таков Господ само што веќе долго време не функционира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
А каква е природата на бог?! (being a man made fabrication and all...) Дали човекот го створил спрема својот образ, да ја парафразираме библиската сказна :D
Каква е природата на гремлините и вампирите?
Кој го уби Ченто?
DOKOGA VAKA?
А што е за тебе зборот "Бог"? Што се за тебе "Гремлините" и "вампирите"?
Има една мудра мисла која гласи: "Окото со кое го гледаш Бог е истото око со кое Бог те гледа тебе".
Неможе друг да ти каже каква е природата на бог, како што на далтонистот неможеш да му кажеш каква е природата на виножитото.
До кога вака? Па најверојатно додека јазикот е побрз од умот, суетата посмела од мудроста а глупоста погласна од вистината.

Се исто ти е тоа дали особините дали прородата, нема дефиниција за Бог се е до психа
Ако нема дефиниција, како можеш да заклучиш дека е себичен, алчен и зол?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Абе убаво си пишал ама нема благе везе ние не сме Господ ниту па треба да се споредуваме со него, а кога сме веќе кај него тој е само една замисла, идеална замисла која не знае за грешки, која секогаш ни ги решава проблемите, која секогаш е со нас кога ни треба, која секогаш е нај нај. Уствари ние благодарение на тоа и се крпиме во животот затоа што наводно знаеме дека постои некои над нас кој наводно не пази, штити и помага, а уствари се е до психа како и да е и јас имам еден таков Господ само што веќе долго време не функционира.

Алчно, себично, лошо суштество!

Не можеш да бидеш алчна,себична и лошо суштество или не можеш да бидеш идеална,која не знае да греши,која секогаш ги решава проблемите и секогаш ќе бдее над своите деца кога ќе треба,секогаш нај,нај?

Себе спознавање е исто што и спознавање на Бог,без ралика на исходот колку и да е страшно или убаво, тоа си ти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Abraxas

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ако нема дефиниција, како можеш да заклучиш дека е себичен, алчен и зол?


Не ти треба за се во животот дефиниција.
Не ни можеш да имаш во случајов дефиниција затоа што за секој е посебно секој на свој начин го гледа и доживува Бог мојот е тој погоре и колку и да ми солите памет нема да го сменам мислењето.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
А кој рече дека треба да се плашиме од Божјиот гнев?
Каков е тој гнев кога Бог е чиста љубов?
И се прашувам кога ќе дојде денот кога луѓето точно ќе ја протолкуваат библијата,куранот и останатите свети книги?
Кога ќе сфатат дека Бог е се и Бог е ништо.
Бог е она што е,ние сме оние кои не сме.
Тој старец со бела брада на небото,
е старец кој живее во нас.
Зборовите на Исус не се ништо друго него зборовите на Буда кои ни го покажуваат патот до старецот до нас.
Спознај се себе и ќе го најдеш Бог.
simple..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Не ти треба за се во животот дефиниција.
Не ни можеш да имаш во случајов дефиниција затоа што за секој е посебно секој на свој начин го гледа и доживува Бог мојот е тој погоре и колку и да ми солите памет нема да го сменам мислењето.
Не ми беше намерата да ти сменам мислење, туку да укажам дека таа дефиниција која ја даде како бог бил алчен, себичен и лош е впечаток добиен од туѓите гледишта, најверојатно од оние религиските, во кои бог е претставен со човечки особини.
И јас го имам истиот впечаток читајќи ги буквално светите книги како библијата и куранот, но тоа е далеку од реална претстава.

Според мене Господ е суштината на се што постои, почетокот и крајот на се, единственото нешто кон кое се останато е релативно.

А кој рече дека треба да се плашиме од Божјиот гнев?
Каков е тој гнев кога Бог е чиста љубов?
И се прашувам кога ќе дојде денот кога луѓето точно ќе ја протолкуваат библијата,куранот и останатите свети книги?
Кога ќе сфатат дњка Бог е се и Бог е ништо.
Бог е она што е,ние сме оние кои не сме.
Тој старец со бела брада на небото,
е старец кој живее во нас.
Зборовите на Исус не се ништо друго него зборовите на Буда кои ни го покажуваат патот до старецот до нас.
Спознај се себе и ќе го најдеш Бог.
simple..
Стравот е предзнак на неуспехот, превез кој ја крие светлината и вистината. Религиската претстава на Бог во улога на судија е човечка претстава наменета да го заплаши обичниот човек и да им послужи на властодржците од тоа време полесно да владеат.
Судењето е акт со кој индиректно се посочува постоење на нешто погрешно, непотребно, зло, со што и оној кој го допуштил постоењето на непотребни, лоши и зли нешта го прави несовршен и премногу човечки.

И да, Бог е се и Бог е ништо! Но кој да го разбере тоа....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena