Што подразбирате под "Господ"?
Долг процес за човекот, кој би го преставил како јајце.
Лушпата од јајцето е крајната граница од човековата свест,
внатре поделено на белка-добро и жолчка-лошо навидум две спротивни работи помеѓу кој се движи човековиот разум.
Надворешниот свет од јајцето е непознат,таинствен,неосознаен.
Вака поставено Бог е јајцето,Бог е жив!
Со соединување на спротивностите ќе се обликува едно тело,но сеуште слабо да го скрши бог-лушпата.
Расте згрчен во болка,притиснат од сите страни и од самиот себе и од лушпата,
така притисокот се зголемувал и на крај јајцето ќе испука,Бог ќе умре.
Ќе се испили нешто непознато, во свет непознат,нема мајка,нема татко.
Ќе се загризе самиот себе,но цицач не е.
И тоа ќе помине, ќе ја пушти опашката од уста и ќе дозне дека влечуга е која со човечки души се рани
и еден ден јајце ќе снесе,нов Бог,нова филозофија,нов свет за луѓето ќе донесе.