Што подразбирате под Господ?

Авраам

Староседелец
11 јуни 2013
22
9
603
41
Господ е мојот Бог. Сезнаен и Семоќен. Се` она што го гледаме е доказ за неговото постоење. Јас не верувам во него, јас знам дека постои и немам никаков сомнеж во тоа. Негова волја е нашето постоење и јас сум благодарен.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
:D:D
Како што иронија може да ме насмее, не може ни фактот дека некој им е фан на Кардашијанс.
Членов врколак, не знам дали почнал да го спрема говорот за простување на гревовите, кој ќе му биде повеќе од потребен за да го објасни на дедо Боже, неговиот аватар и величење на нешто крволочно додека пропагира љубов кон Бога, мир во светот и чевли за дечињата во Зимбабве. :D

Како и да е, Господ е единствено мојата совест, мојата енергија која го диктира моето животно делување, мојот спокој, мојот разум, потребата за љубов, моралот кој е одреден по природен пат, а не наметнат, накратко Господ е мојата поврзаност со Универзумот.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Што подразбирате под "Господ"?


Долг процес за човекот, кој би го преставил како јајце.
Лушпата од јајцето е крајната граница од човековата свест,
внатре поделено на белка-добро и жолчка-лошо навидум две спротивни работи помеѓу кој се движи човековиот разум.
Надворешниот свет од јајцето е непознат,таинствен,неосознаен.

Вака поставено Бог е јајцето,Бог е жив!

Со соединување на спротивностите ќе се обликува едно тело,но сеуште слабо да го скрши бог-лушпата.
Расте згрчен во болка,притиснат од сите страни и од самиот себе и од лушпата,
така притисокот се зголемувал и на крај јајцето ќе испука,Бог ќе умре.

Ќе се испили нешто непознато, во свет непознат,нема мајка,нема татко.
Ќе се загризе самиот себе,но цицач не е.
И тоа ќе помине, ќе ја пушти опашката од уста и ќе дозне дека влечуга е која со човечки души се рани
и еден ден јајце ќе снесе,нов Бог,нова филозофија,нов свет за луѓето ќе донесе.


potd-crocodile_2258930k.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Outrider

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Мислењето е напишано на латиница, чие користење е против правилата на форумот. Ве молиме во иднина користете кирилично писмо.