Што научивте од вашите родители?

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Да бидам благодарна на она што го имам , бидејќи некој го нема . Мајка ми ме научи да размислувам зрело иако бев тинејџерка . Татко ми ме научи да бидам стрплива , и дека еден ден правдата си доаѓа на своето место .
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Цитирам"никој не е поважен од тебе",
"биди трпелива и избори се до крај",
"смести ги сите онаму каде што им е местото", "со психопати,само психопатски бодејќи не знаат за поинаку".
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Од првото мислење што сум го пишала, минале 8 и пол години, ама морам да додадам дека научив и да препознавам токсичност кај себе и другите и да не одам по стапките на моите бидејќи многу од работите кои сум ги гледала како плус тогаш, сега сфаќам дека биле всушност негативни.
Уште учам да излезам од меурот кој ми го имаат креирано и всадено од мала.
Научив дека е во ред да покажеш и слабост, дури и потребно/добредојдено.
Дека работите не се решаваат со его, туку со разум и дека колку и да сака егото нешто, мораш да го послушаш разумот за своето и доброто на другите.
Научив и дека силата некогаш е само маскирана немоќ која не треба да ја маскирам ко сила.
Дека треба и мора да си дозволам да чувствувам и негативни емоции, а не само да ги тргам под тепих. Ова е можеби и најбитното нешто што го сменив кај себе, а што ме учеле дека е слабост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Ништо паметно што би ми помогнало во овој гаден и суров свет. Ме учеле на работи кои не се ценат во денешно време и не е паметно да бидеш таков оти ќе те искористуваат во секоја можна прилика. Требало да живеам во поинакво време, можеби подобро би поминал отколку сега. Ама кога ќе размислам и во минатото било скоро исто во поглед на овие работи. Не за џабе рекле: Нема зошто да се плашиш да одиш во пеколот, таму се истите овие луѓе од тука не може да биде полошо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Makedonka

Нов член
15 април 2022
18
3
3
Порасната сум во семејство каде просветителството го зазема централното место. Домашната школа ме научи на почит пред се, количина на срам кога треба, да бидам чесна и достоинствена! Да бидам независна, културна и секогаш да пружам помош ако сум во можност. За ова ќе им бидам бескрајно благодарна до крајот на животот!