Што му недостасува на Скопје?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Крст 66 метри среде плоштад.
Jedi temple... Коа сме више кај религиите.

Шега на страна, Скопје во последниве 10 години вака обезличено со 101 маска, веќе ништо не му фали физички, пошо све има. Дури и Ски-центар ко шо глеам ќе праат за пензионериве на водно.
Преку Тасино (чешмиче)
Скопје веќе одамна го изгуби духот на својата мултикултност. Денес апсолутно не постои култно место во градот. Сите кафулиња личат од јајце на јајце. Пример отвара некој џомба кафиќ со идеја - ај ќе го праам сеа различно од другите. Става некоја експериментална декорација, пушта некое џезиште, сервира некој чуден бренд на кафе. По месец дена - segafredo/attibassi/lavazza у придружба на Лајф/Антена/Сити радио. Дури и ентериерите се се` повеќе слични едно на друго. Ептен ретки места или опстојуваат со минимален број на гости или лупаат промоции/попусти.
Кафаните се веќе друго. Ако знаеш што точно бараш, ќе треба да направиш информативен разговор со стар скопјанец за да ти каже отприлике кај се прави добра скара.
А тоа е се` поради тешката ситуација и сивилото кое ни` е сервирано од горе.
Друго истотака што е доста важно е зелена површина. Во оваа бетонска џунгла на зовриени мозоци, просто заборавивме да респирираме како што треба. Го заборавивме мирисот на липите во мај, го заборавивме остриот мирис на снег од Шапка во ноември, ја заборавивме и пријатната жега во август во Турска чаршија.
Плоштадот се претвори во вашар - во права смисла. Со извештачен џагор, некоја сиротинска гужва на крпеници од луѓе. Ги гледаш во скапи одела, загубено талкаат со свенати и исушени лица - не се познаваат ни самите себе а камоли другите. Се` некако претенциозно и без трошка спонтаност. Тоа му фали на Скопје.
 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Му фалат луѓе кои освен што дремат на форуми,излегуваат и надвор да направат нешто корисно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
35
нели не беше дозволена латиница па тогаш зошто некој може да пишува а некој не


инаку на скопје му фали писта за тркање со мотори и автомобили
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Му фалат луѓе кои освен што дремат на форуми,излегуваат и надвор да направат нешто корисно.
Извинете госпоѓице Борец за Скопје. Ве гледам не сте активна на форумов, можеби за тоа направивте парк во скопскиот бетон, се врзавте за дрвјата кај Бристол кога ги сечеа. Верувај да се прашуваа форумџиите како би требало да изгледа Скопје, Скопје немаше да биде вакво. И да, што бараш на форум во кој има луѓе кои не прават ништо корисно?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra, Lena and efederer

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Сите градови во светот имаат свој шарм, така и Скопје живее со својот.
Ние луѓето секогаш наоѓаме замерки, секогаш ќе најдеме нешто што недостига. Ајде да ви го поставам прашањето обратно: што не му недостасува на Скопје? Колку работи ќе ми наброите?
Да. навистина, на Скопје му недостигаат многу работи. Скопје не е она што беше. Скопје можеби живееше во друг дух порано. Скопје можеби сега живее во стариот и новиот дух заедно и тоа не е толку лошо.
Пронајди се во него, доживеј го на свој начин, искористи го, соживеј се и веројатно ќе е подобро.
Единствено што мене реално ми фали е повеќе зеленило и цвеќиња.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
На Скопје му фали малце куманофски менталитет : P

Не стфарно на Скопје му фали поажурна и поактивна омладина,послаба и понезависна од технологију.Дефинитивно гу имате најдебелу младејачку генерацију,најзависна од брзу штетну храну и најзависна од мобилни телефони и други слични технолошки могуќности.Фали му опуштеност, комшиска дружба(да не ти вика полицију за гласну музику),фали му поише култура по градски превоз,понасмеаност у услужни дејности,поактивност на спортски настани. Фали тј блесинг спирит кој ги спречуе сфи тепачке по искачања и дискотеке, нема викенд а да не виду крваф нос

А и фалиф поише дебармаалски кафанчиња, они су ви најјаки!