Jedi temple... Коа сме више кај религиите.Крст 66 метри среде плоштад.
Шега на страна, Скопје во последниве 10 години вака обезличено со 101 маска, веќе ништо не му фали физички, пошо све има. Дури и Ски-центар ко шо глеам ќе праат за пензионериве на водно.
Преку Тасино (чешмиче)
Скопје веќе одамна го изгуби духот на својата мултикултност. Денес апсолутно не постои култно место во градот. Сите кафулиња личат од јајце на јајце. Пример отвара некој џомба кафиќ со идеја - ај ќе го праам сеа различно од другите. Става некоја експериментална декорација, пушта некое џезиште, сервира некој чуден бренд на кафе. По месец дена - segafredo/attibassi/lavazza у придружба на Лајф/Антена/Сити радио. Дури и ентериерите се се` повеќе слични едно на друго. Ептен ретки места или опстојуваат со минимален број на гости или лупаат промоции/попусти.
Кафаните се веќе друго. Ако знаеш што точно бараш, ќе треба да направиш информативен разговор со стар скопјанец за да ти каже отприлике кај се прави добра скара.
А тоа е се` поради тешката ситуација и сивилото кое ни` е сервирано од горе.
Друго истотака што е доста важно е зелена површина. Во оваа бетонска џунгла на зовриени мозоци, просто заборавивме да респирираме како што треба. Го заборавивме мирисот на липите во мај, го заборавивме остриот мирис на снег од Шапка во ноември, ја заборавивме и пријатната жега во август во Турска чаршија.
Плоштадот се претвори во вашар - во права смисла. Со извештачен џагор, некоја сиротинска гужва на крпеници од луѓе. Ги гледаш во скапи одела, загубено талкаат со свенати и исушени лица - не се познаваат ни самите себе а камоли другите. Се` некако претенциозно и без трошка спонтаност. Тоа му фали на Скопје.