Што му недостасува на Скопје?

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Што сметате дека му недостасува на Скопје? Што би сакале да добие ново?
- На Скопје му фали креативност, места каде што секој ќе може да се пронајде. За секого по нешто - повеќе културни настани, повеќе слобода, повеќе простор и зеленило
- повеќе места на кои може да се прошеташ, повеќе паркови, повеќе природа
- духот на ноќниот живот од 90-тите
- На Скопје му недостасуваат насмеани и позитивни лица
- Културни дискотеки со добра музика и без гужвање на врата
- Највкусните палачинки од Fresh
- Собиранките на кругче на плоштад
- И McDonald's му фали...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Мирен Аутрајдер миреееееен.
(Пример за самоконтрола при силен порив да се наведат ствари како бројка на килотони, сарин, чума и инвазија на Монголи/Црвени Кмери)

Шо знам, метро не би било лошо... зеленило секако, псевдо-култни места и угостителски објекти.
Маглев воз би бил идеален.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen and Saladin

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Живот!
Луѓе кои дишат и чувствуваат, кои живеат за себе, уживаат во себе. Кои сакаат други луѓе, кои пијат затоа што им се пие, а не затоа што е модерно.
На Скопјенце наше му требаат млади кои се вистински млади и не брзаат да пораснат.
Му требаат вистински дами, а и вистински џентлмени.
Да, живот му треба. А место има за секого.
И повеќе книги.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Уште еден споменик до Камени мост, еден пред трговски, еден пред Дел фуфо, еден кај фонтаната, т.е 2 кај фонтаната, еден пред стара чаршија итн итн итн.А да, и во Вардар неколку. И повисочки, погломазни, поголеми ќе молам оти од маглава ко ќе се спушти ништо нема да се гледа.
By турист од Кичево.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Јас си недостасувам во Скопје :D
Се зезам.
Не го препознав Скопје летово.Како да бев во некој друг град,кој воопшто не наликува на она Скопје кое го знам.
Му фали онаа магија која владееше во градот пред да се изградат сите тие споменици(премногу се дефинитивно,со мене имаше луѓе кои првпат доаѓаат во Мк.и коментарот беше:
Никаде до сега не сме виделе град кој има повеќе споменици од Ск.од една страна супер,единствени сме,од друга страна пак,
што е премногу,премногу е).
Му фалат камењата на камениот мост кои ги заменија со плочки без никаква вредност.
Големи паркови му фалат дефинитивно.
Повеќе поетри слем вечери,
многу повеќе фирми и нови работни места за младите,
Hard Rock Cafe му фали исто така.
Патеки за велосипедисти(како и повеќе велосипеди)
повеќе дозволен простор за изразување на слободните уметности(графити,стрит арт)
и игралишта за дечиња.

Пс.И повеќе јога центри :)
 
Последна промена:

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
И јас му фалам исто :D
Му фалат и местенца каде можеш со својата просечна плата да си дозволиш една добар престој бар ден во неделата, без да те меркаат горили од глава до пети, па ако откријат по врвките на патиките дека си ниска класа што не припаѓа во место полно со џетсетери 'љубезно' да те исфрлат понижувајќи те пред огромна маса луѓе.

Исто и луѓе без предрасуди, без толкав егоизам и себичност...
Помалце мермер повеќе зеленило, помалце бездомници кои молат за парче леб потпрени на вртоглаво скапите градби кои впрочем не одговараат со духот на Скопје...

Секој пат кога ќе дојдам, се помалце го познавам градот во кој израснав. Се плашам дека ќе дојде ден кога ќе се вратам како тотален странец.
И тоа...

Ааа да. Му фали и Левел, Елемент, Вулкан, Ла Фабрик, Фреш, Мекдоналдс... Му фалат девеесетите и нешто плус и него и мене :D
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: efederer and Y1K991

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
По отворени умови.

Гледајќи наназад, си пронајдов кул местенца низ градов за искачање. Не можам да се жалам во таа област, барем не како порано кога речиси и немаше место без турбо-фолк и кичерај. А можда и до друштвото ми било, кој знае. Anyway, една од причините зошто си го сакам Скопје е Градски Парк. Така да, ни тука не се жалам премногу, иако намалено е градското зеленило, но тоа може и да се очекува од еден град кој се повеќе расте. За сиромаштија што може да се каже освен дека присутна е насекаде, секогаш била, секогаш и ќе биде. Нешто слично е и со (не)вработеноста, но не би навлегла тука бидејќи премногу работи повлекува во муабет кој би бил оф-топик. Уште една работа која ја имам забележано како позитивна промена е намаленото ѓубре. Разликата е огромна од пред 10 години. Сите можеме да се сложиме дека фали простор. Буквално губиме се повеќе простор, не само со начичканите споменици. Совршен пример ми е улица Македонија, бивша Маршал Тито. Сите мои спомени од детството се речиси исчезнати бидејќи маалото ми е буквално деформирано и непрепознатливо. But than again, ќе го препишам ова на она што веќе го споменав погоре, градот расте и се развива и за жал (гледајќи од овој поглед), не може да остане ист. И како заклучок на првата реченица, ми фалат луѓе кои се неконзервативни и барем малку помалце склони кон осудување.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin