Антички македонци или словени?
Вака поставено, кофигурирано и формулирано, прашањето е смешно онолку колку што сме сите ние (Македоните) неиформирани.
Ние Македонците, сме првично потомци на Античките Македонци, потоа сме и со Словенско потекло.
Не можеш да прашаш што сме ние, затоа што кога словените пристигнале во Македонија во 6 век, тука веќе имало староседалци и постоечки народ.
Друга работа, што се однесува до словените, очигледно не знаеш дека таа теза (ТЕЗА - научно не е докажано. Како што е ТЕЗА на Дарвин дека сме постанале од Мајмуни, како што е теза дека има или нема вонземски свет) ја пуштил во промет Швабата Густав Дројсен во 18 век. Неговата теза е сама по себе контрадикторна, зашто на ова наше подрачје има „Словенски“ артефакти кои датираат од 2, 3 век.
Во Русија (и на Факултетите по историја) се учи дека Русите се дојдени од зад Карпатите, што од нивна страна гледано Балканот. Црногорски Монах во своите мемоари има напишано дека голема маса народ се преселува од југ кон север.
Дали ти мислиш дека Словените (Номадско Племе) било толку моќно да ја порази Византија и да ја насели и асимилира така лесно?
Што значи, ние сме Антички Македонци.
Учете историја браќа и сестри, заради нашата неедуцираност сме дојдени до ова дереџе.