Измислица за да не останиме сами на стари години. Избледува љубовта и секој втор изневерува ама уште бараме сигурност и почит и поштен парнтнер.
Епа затоа тука е сведено само на побарувачка од страна на оној што мисли дека е малку поразличен а со тоа и емоционално зрел а не е и после со погрешни сме завршиле и немало љубов, немало почит. И јас бев во тие ете се заврши со развод.И тоа како постои, само не е за сите. Сепак треба сериозно познавање на самите себеси, познавање на партнер/ката, имање доволно почит за себеси и другата страна па и емоционална длабочина. Љубовта е еден од највисоките дострели на човечките суштества, и еден од најголемите ризици.
Просечен жител и жителка на овие подрачја не се нит емотивно нит ментално нит интелектуално во можност да пружат љубов на друга особа и да се отворат за љубов кон себеси. Најчесто го мешаат нагонот со љубов а тоа е голема грешка.
Дали можеби затоа што, со исклучок на пар особи, општо земено женските особи биле феноменални со мене во било кој капацитет ми дава поинаква перспектива ама како и да е, љубов е за изградени личности.