Сонот е потполно поинаква димензија од онаа во која функционира телото - во случајот телото е пасивно а потсвеста кај човекот активна.Со цел да ги прими пораките ,во стил на google translate добиваме и слики кои во никој случај не би можеле да отсликаат реалноста како “Сонував вода,утре ќе идам на море“ водата во потсвеста кај човекот може да има милион значења, ако водата го асоцира на лошо, како претчуство во сонот се појавува вода, ако водата личноста ја асоцира на мир спокој, како претчуство на истата ситуација се појавува вода.Истото оди до толку далеку,што ако личност имал одредена случка покрај вода на пример изгубил невиност покрај езеро, истото во понатамошни случки би требало да го асоцира валјда на секс.
Визуелните работи кои се појавуваат во сонот се говор кој само личноста што го сонува може да го преведе,во никој случај не помага толкување на сонови како што кажав,ако вода за еден означува смрт, за друг може да значе и секс.