Што е сонот?

Биле93

Нов член
20 јануари 2017
2
0
1
31
Zdravo.
Sakam da zamolam nekoj sto znae da mi kazi sto bi mozel da znaci mojot son.
Temnica.. vo edna golema sala so mnogu luge jas i decko mi pocnavme da begame.. mislam deka idele da ni pomognat..Se sekavam majka mi kako da stoese na edna terasa i da ne gledas.. Ne fatija vojnicite i so kopja vo glavata me strelaa, gi izvadiv kopjata so dvete race.. Sledno sto se sekjavam isto so mojot decko kaceni vo negovata kola pominuvavme niz edno patce sto bese nevozmozno da se pomini, pemnogu tesno.. pola bese asfalt a na pola kako da lebdese kolata, brgavme mislam od vojnicite povtorno.. Tuka nekade se razbudiv, znam deka vikav "strav mi e" s"strav mi e" "se plasam", Na Vodici se sluci..Denes bev vo crkva si ostaviv maslo na Sv.Petka, se pomoliv..Ama eve 3 dena ne mozam da go trgnam od mislite mojot son, ili kosmar ako moze taka da se nareci..
 

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
За мене , сонот е она што потсвесно би сакале да бидеме/да ни се случи . Еве еден пример : Јас многу сакам да патувам низ државава и низ светот општо . Вчера сонував дека јас и маж ми сме отпатувале во Милано , а таму сме ги сретнале мојата другарка од детство со дечко и , па сме се фотографирале со опис : " Светот е толку голем , а сепак мал " .

Инаку , другарката е веќе една недела низ Германија со дечко и , но од каде излезе Милано во мојов сон , не знам . Не планирам патување моментално надвор од државава .
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Знам дека во сонот и најдлабоките мисли и стравови може да излезат на површина, знам и дека често ми помогнале соништа да си ја „хакнам“ потсвеста, ама побогу, некогаш навистина се чудам како мозокот успева да поврзе некои работи и да направи сосема бизарни соништа од нив.
Накратко, мене сонот не ме одмара. Одморено се осеќам само ако не го помнам утредента т.е. мислам дека ништо не сум сонувала.

Скоро никогаш не сонувам секојдневни работи, секогаш се ко некакви мисии и сложувалки, што некогаш и ме плаши дали сум психички океј. :|:zelen Со друштво неретко се зезаме да ги продавам ко идеи за филмови или игри.
Може па и тоа се обидува потсвеста да ми каже.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Outrider

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Богами @Electra и јас како тебе, не сонувам некој нормален сон, а баш прави сценарија за филми, некогаш си размислувам дали да ги запишувам, па може ќе излезе нешто интересно. :)
Али како и да е. Сонот претпоставувам е хаотичен рефлекс на тоа што го гледаме, доживуваме. Како се комбинира врска немам, ама и доста често знае да ни покаже отприлика што не очекува во блиска иднина.
Колку и да звучи бизарно и нереално, сонот е сепак најдобриот јасновидец.
Доколку не го памтите сонот сабајлето, значи не било нешто значајно, но доколку го памтите обрнете си внимание на ситниците. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra