Што е сонот?

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
791
1,133
40
www.oto-mk.net
Што претставува за вас сонот? Дали е хаотичен одпечаток на меморијата отсликана во потсвеста, или можеби нешто подлабоко, нешто од спиритуална или метафизичка природа? Дали постојат повеќе видови соништа? Како ги објаснуваме оние што претскажуваат настани кои не се случиле и ако сонот е активност на потсвеста, како таа ги создава соништата во кој гледаме настани што допрва ќе се случат?

Повелете, се надевам ќе има интересни дискусии.
 
  • Like
Реакции: melpomena

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
791
1,133
40
www.oto-mk.net
Во контекст на воведот, да го споделам следниов настан на кој сите сте добредојдени:


„Што е сонот? Индоктринирани сме да веруваме во психолошки модел кој ги гледа соништата како траги на копнежи или фрагменти од сеќавања. Но и покрај тоа, нашиот јазик исто така го поистоветува поимот „сон“ со идеал или нешто за кое вреди да се стремиме. Дали овде постои парадокс? Во ова предавање, магико-антропологот Карл Абрахамсон го насочува светлото кон новите (или можеби дамнешни?) теории на сонот и нивните можни примени во креативниот современ живот.“
************
"What is a dream? We have become indoctrinated to believe in a psychological model which regards dreams as traces of desires or fragments of memories. Yet our language also equates "dream" with an ideal and something worth striving for. Is there a paradox here? In this lecture, magico-anthropologist Carl Abrahamsson shines the light on new (or perhaps ancient?) dream theories and their possible applications in a creative contemporary life."

Кој е Карл Абрахамсон? / Who is Carl Abrahamsson?
"Carl Abrahamsson is a pioneer of occulture whose life adventure has seen him forge a personal and lasting bond with Church of Satan founder Anton LaVey, contribute as a Thelemic thinker in OTO, administer TOPYSCAN and TOPYEUROPE at the height of Thee Temple ov Psychick Youth, as well as working with Genesis Breyer P-Orridge in the guises of Psychic TV/Thee Majesty with his own White Stains project. He is the founder of the respected journal The Fenris Wolf and the publishing house Edda (with Fredrik Söderberg). He is a writer, curator, conspirator, photographer, documentary film maker, and indefatigable agent of change.”

Настанот ќе се одржи во Џебно Кино во склоп на Младинскиот Културен Центар.
Датум: 12.12.2014
Почеток: 19:00
Влез: Слободен
 
  • Like
Реакции: diva orhideja and Prashina

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Сонот едноставно е размислување. Мозокот не престанува да работи и кога спиеме, продолжува да размислува, но бидејќи ние не ги контролираме тие мисли како кога сме будни, затоа најчесто делуваат како фантазија. Односно, сонот е комбинација од се што сме виделе, слушнале, помирисале, почувствувале, во текот на животот.

Затоа, тој е комбинација од нешто и нешто. Односно, еве на пример понекогаш сонуваш град да речеме тој град е Скопје, но не е идентична копија на вистинското Скопје, има еве да речеме и Ајфелова кула. Ти таа Ајфелова кула си ја видел во животот, дали во живо дали на слика и од некаква причина ти поминала низ мисли и се манифестирала во текот на сонот во комбинација со другите работи.

Не верувам дека сонот предвидува нешто, едноставно се случуваат случајности. Оној муабет од типот на: вчера сонував дека починала комшика ми и ете денес, таа навистина почина. А од каде знаеш дека не си го сонувал истото друг пат? Можеби си сонувал пред 2-3 недели дека комшиката починала, а кога си се разбудил не се сеќаваш на тој сон. Па ете, се случило да ти се трефне после сонување на таков сон, да се случи нешто од твојот сон. А и никогаш не е подеднакво исто како во реалноста, нели? Во твојот сон си сонувал дека комшиката починала на еден начин, а во реалноста се случила на друг начин. Барем така е најчесто. Истиот одговор го давам и за муабетот од типот на: вчера сонував една пријателка на која немам помислено со години и ја немам видено, а денес ете ја се сретнавме. Од каде знаеш дека друг пат во меѓувреме не си ја сонувал? Не знаеш зошто на повеќето соништа не се ни сеќаваме кога ќе се разбудиме.
 

İncognito

Староседелец
31 август 2013
2,498
3,774
1,153
Сонот е вистинското изразување на човекот со сите доблести и мани во кое нема модератори кои ќе го избришат неговото мислење.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,657
5,733
1,153
Божји благослов каде човек наоѓа барем малку мир и спокој а некогаш и среќа за кои во реалноста само може да мечтае,место без граници,пресликување на нашите мисли,желби,стравови..
 
  • Like
Реакции: Prashina

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,757
1,673
На сигурно
Сон е кога сонуваме.
А што сонуваме?А што е тоа сон?:svirka

Не мислам дека сонуваме она што го размислуваме.
Сонуваме луѓе што ги знаеме и што не ѓи познаваме.
Случки кои биле и кои никогаш не се случиле.
Оставрување на неостварени желби но и нешта кои никогаш не би ги посакале.
Коа не сонувам имам поквалитетно спиење а и денот што следува ми е поубав.
Незнам како и зошто но успева сонот да делува на моето расположение.Колку и да се обидвам да не биде така,не успевам потполно.
Инаку веќе имам кажано дека не верувам во сонови иако цат пат си го прашувам @malo то за нивното значање.сакам да споредувам дали е баш така.И ете,некогаш се поклопува,како на бајачлите,гатачките.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
А што сонуваме?А што е тоа сон?:svirka

Не мислам дека сонуваме она што го размислуваме.
Сонуваме луѓе што ги знаеме и што не ѓи познаваме.
Случки кои биле и кои никогаш не се случиле.
Оставрување на неостварени желби но и нешта кои никогаш не би ги посакале.
Коа не сонувам имам поквалитетно спиење а и денот што следува ми е поубав.
Незнам како и зошто но успева сонот да делува на моето расположение.Колку и да се обидвам да не биде така,не успевам потполно.
Инаку веќе имам кажано дека не верувам во сонови иако цат пат си го прашувам @malo то за нивното значање.сакам да споредувам дали е баш така.И ете,некогаш се поклопува,како на бајачлите,гатачките.
Секогаш сонуваш, но наутро кога се будиш не се сеќаваш на тие соништа.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,220
1,747
253
Браво за обавестувањето дека ќе има такво предавање,и би сакала да присуствувам бидејќи поимот за сон и неговата физиологија се сеуште теми за кои не се разглаба многу.Единствено за сонот знам дека е состојба на свеста и дека има неколку фази.Заинтересирана сум за предавањето бидејќи многу сонувам,а што е ттрагедијата во тие соништа е што ми се остваруваат,точно ми претскажуваат дека ќе ми се деси нешто и искрено .....понекогаш не ми се оди на спиење од страв од лоши сонови.
 
  • Like
Реакции: Abraxas