Многу машки па и многу женски се имаат изгорено од таа физичка привлечност, сексуален нагон, често замаскиран зад поими како страст, хемија или не знам што, каква бре хемија, тоа ти е исти нагон кој го осеќа мажјакот мравојад и го тера да ја спари мравојадица, само што тие немаат можност да спинуваат дека се работело за "страст" а уствари се работи за јебежљивост, ерекција и влажњење, нема ништо повеќе од тоа.
На 25 години хомо-сапиенс-сапиенс е веќе целосно оформен, тоа е таа биолошка тотална полнолентност, мозочната мрежа, мускулатура и коските, значи после 25 година нема оправдување за некои срања, на 35 е веќе тажно а на 45 би требало да се размисли и за соодветна институција.
Поентата е, ако имате другарка која ве гледа повеќе него како другар, веднаш дајте и шанса, колку и да се самозалажувате дека не ве привлекува (како што кажавме, квазимодо се 0,1%) или дека зад наредното излегување во клуб ќе налетате на рибетина или дека на ФБ ќе најдете некоја со дупло поголема цицка него другарката.
Таквите самозалажувања, обиди за докажувања пред пријатели и роџаци се сигурен пат кон емоционална, психичка, финансиска катастрофа проследено со опашки кои се влечат со друга жртва понатаму и проблеми со самодоверба, осаменост а може да падне и СПБ како на бинго. Екстремите кои одат во црна хроника ќе ги прескокнеме.
Па дури има ликови кои сакаат татко им да им завидува као види стари каква женска е**м, па таткото се фали по пријатели види го мојон Станко, курат на татка си, јебе не вади, не можат без него, кое фраериште сум израснал значи, а-у.
Таквата женска особа која ви е другарка секако ве знае и познава веќе и повеќе ќе се труди околу вас. На што треба и да возвратите за што ќе бидете наградени
Win-win.
Не ми е јасно, како бре рационалност се уклучува само при финансиски интерес, при емоционален никогаш?!
Вишак килажа се симнува, коса се фарба, физикус се вежба, има мал милион начини кои пар може да ги направи за да биде позапален еден за друг, има куп вежби за кои скоро и да не се потребни справи нит пак теретана, посебно кардио има израелска една, нека вежбаат заедно нек се контролираат, нека еден на друг му упатува на тоа да не јаде пола сомун, шетање заедно што се за здрави луѓе по 3-4 км на ден, ем се зближувате ем физички јачате, мотивацијата е секако далеку поголема, подршка еден за друг, градење доверба, почит, што да не.
Има парови кои се запознале и се раскинале од е***е на старт па трудноча па дете па се запуштиле двајцата, куча-посо, па вишак килажа дошла па ова па она, и за три години се мразат до коска и што дека имало сексуална привленост на старт?
Нормално, идеално е да има од све на почеток и физичка привлечност и карактерна компатибилност и особите да се добри и сето тоа, ама е екстремно ретко и најголем дел од популација никогаш нема да го доживее тоа.
Нажалост, образовен систем (зло), родители, роџаци, пријатели, духовни авторитети како религија, духовни алтернативци, сите молчат за емоционалната зрелост, све тоа ги заболе дали ќе бидете вие среќни во врска или брак, на ваша среќа неможе да се профитира, на ваша несреќа ихааааа, ќе ве советуваат психолози и психијатри, брачни советувалишта, адвокати, па попови и оџи, па пријатели ќе анализираат зашо сте раскинале по 16 пат тешејќи се дека тие фејлнале само 13, па мама и тато ќе се во право пошто ете гледаш, коа ти викавме ние, па аптеки и фармацевти...има тука материјал сите да заработат од ваша мизерија, кој парично кој за беспари, кој за его...