Се откажав од желбата да бидам конзерватор и историчар на уметност (до некаде).
Не знам како се вика професијата, но сакам да издавам свое списание. Списание во кое ќе има 90% само слики. Да патувам, да фотографирам (луѓе, градови, различна култура, храна, облека, и слично) и тие фотографии да бидат дел од списанието. Би вклучувала и разни други фотографии, од други луѓе кои ќе репрезентираат нешто и кои ќе ми се допаѓаат, од интернет, итн. Покрај ваквите фотографии, само од време на време би ставала информации за разни бендови, серии, филмови, тетоважи, цртежи, се што ми се допаѓа.