Што би правеле доколку немате пријатели?

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Нормално е дека првиот ден или првата недела таму нема да познаваш никој. Но, веројатно живееш некаде. Таму сигурно има соседи. Ќе излезеш навечер некаде, денски на ручек, ќе одиш на работа да речеме... Секаде има луѓе. Ќе се запознаваш постепено.
А ако не успееш никого да запознаеш, значи не си социјален човек.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Веројатно би се чувствувала празна, несреќна, и непосакана во многу ситуации. Но сигурно нема да седам во соба да плачам и да се сожалувам. Би пробала да се задружам со некои дечки на училиште/факултет/работно место/маало и слично. Не да се наметнам, туку да се вклучам во нивните животи полека, без форсирање. Почетокот ќе биде тежок, многу шали за кои нема да знам што им значат, многу случки на кои не сум била, и ред други работи од кои и никогаш нема да бидам дел. Сепак, ќе мислам на идните случки, шали кои допрва ќе се случат со мене како дел од нив. По некое време работите ќе се измазнат и нема ни да се сеќавам на периодот кога сум била без пријател. Човекот е богат толку колку што има пријатели, вистински пријатели.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: turop

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Ова е едно утопистичко прашање.
Продукт - Доколку би немал, би бил асоцијален тип.
Не ти го разбирам одговорот друже може малку по едностано да одговориш.
Иначе се работи за странство каде луѓето биле многу ладни сите си имале свои животи и ппријатели со соседите не комуницирале итн...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
ПРијател е сосема релативна табота како ја гледаш. Мое гледиште на пријател е имањето на секаков контакт за почеток кој подоцна преоѓа во пријателство.

Човекот има потреба од пријатели. Колку и да е индивидуалист тој нема шанса да преживее во општеството без никаков вид на контакт.
Оттаму и тоа утопистичко сфаќање дека во случај ако нема пријател - е асоцијален тип. Значи или е мртов или е психолошки вон себе.
Да упростам - го спомнав продуктот а не причината, затоа што ако речам - „ќе најдам ново друштво“ - ќе испадне дека подоцна ќе имам пријатели. Интересна психолошко социјолошка тема за разглабање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: turop