„Сите можат да имаат длабоки и трајни пријателства — и срамежливите и друштвените, и младите и старите, и досадните и интересните, и непривлечните и убавите — важно е само да се искрени“, „Искрените луѓе им дозволуваат на другите да видат што им е во срцето.“ако сакаш да имаш пријатели, биди пријател. Во едно вистинско пријателство, давањето е многу поважно од примањето. Мораме да бидеме спремни да ги ставиме потребите на пријателот пред она што ние го сакаме или што нам ни одговара.Никој од нас не е совршен и затоа нема право да бара совршенство од другите. Сите очекуваме пријателите да нѐ прифатат и покрај нашите маани и да имаат разбирање за нас. Зарем не треба и ние да ги толерираме нивните пропусти така што нема да ги преувеличуваме? „Ако некој сака совршени пријатели (што никогаш нема да се жалат, а секогаш ќе бидат срдечни и расположени, ќе му обрнуваат внимание само нему и никогаш нема да го разочараат), нека си купи домашно милениче“. Ако не сакаме и нам домашните миленичиња да ни бидат најдобрите пријатели,Да не бараме совршество!!!