Веројатно би се чувствувала празна, несреќна, и непосакана во многу ситуации. Но сигурно нема да седам во соба да плачам и да се сожалувам. Би пробала да се задружам со некои дечки на училиште/факултет/работно место/маало и слично. Не да се наметнам, туку да се вклучам во нивните животи полека, без форсирање. Почетокот ќе биде тежок, многу шали за кои нема да знам што им значат, многу случки на кои не сум била, и ред други работи од кои и никогаш нема да бидам дел. Сепак, ќе мислам на идните случки, шали кои допрва ќе се случат со мене како дел од нив. По некое време работите ќе се измазнат и нема ни да се сеќавам на периодот кога сум била без пријател. Човекот е богат толку колку што има пријатели, вистински пријатели.