од една страна сама своја шефица си сум веќе десетина години
ама па од друга страна работата ми е таква што постојано имам некоја нова шефица
ич не ми е важно дали е шефица или е шеф
битно ми е да е личност со која човек може да се разбере
од одговорности и критики не бегам
но кога добивам критики, очекувам прецизно да ми се каже што не чини, зошто не чини и која е варијантата што чини
очекувам разговор со аргументи, а не со инает, а уште помалку со омаловажување и понижување
манипулации ниту ми се потребни, ниту па ги поднесувам
ни манипулирам, ни сакам некој да ме манипулира
а тоа дека да се манипулира со шеф (читај маж) е некаков квалитет за гордеење ми е некако смешно и незрело
оти лесно е да манипулираш со шефот (читај било кој маж) поготово кога тој има корист од таквата манипулација