ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)

Boyka

Истакнат Член
14 февруари 2012
258
735
93
Skopje
И јас сум шкорпија, но со подзнак-девица.
Се пронаоѓам во секој збор. :)
Девица

Ако сте девица во подзнак, вие честопати оставате впечаток на многу урамнотежена, сталожена и многу педантна личност. Вие секогаш делувате скромно и достоинствено, понекогаш снобовски и со вашата појава, сакате да оставате впечаток како да ги познавате најновите модни трендови. Дури и ако во моментот се чувствувате енергично и имате потреба за дружење, на светот можете да му изгледате како срамежлива, непопуларна личност, која секогаш изгледа како да ù се врти некоја многу сериозна мисла во глава. На оние луѓе кои се девици во подзнак, пријателите и членовите на семејството честопати им се обраќаат за разни здравствени проблеми, бидејќи девицата изгледа како да има одговор на сè.
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Љубовен астролошки профил за машки скорпии

Мажите родени во знакот на скорпија ја имаат моќта во врската. Тој може да ве погледне во очи, преку нив да навлезе длабоко во вашата душа и да дознае како може да ве натера да го посакувате и да сторите сè што ќе побара од вас, без да го помрдне ниту малиот прст. Неговата мистериозна, страсна и напната природа е инспирација за главниот лик во љубовните романи. Сè што поседува во себе, вриска од моќ: неговите длабоки емоции, дрско однесување и најважно од сè, неговиот неодолив сексапил. Мажите родени во хороскопскиот знак скорпија се како подвижни магнети и не можете да се борите против таквата привлечност.

Впрочем зошто би се бореле против неговиот магнетизам? Само се залажувате себеси дека е тоа воопшто возможно. Вие сакате да дознаете што се крие зад неговиот интензивен мистериозен поглед. Сакате да дознаете што си мисли. Сакате да дознаете какво е чувството да водите љубов со него. Што е најтрагично, тој може сè уште да не ви кажал ниту еден збор, а вие да не можете да престанете да мислите на него. Дадете му знак дека сте заинтересирани, предадете му се и дозволете му да ве поведе на неговата прошетка. Но, пред да го направите првиот чекор, запрашајте се колку цврст карактер имате. Можете ли да чувствувате, размислувате и да се однесувате, користејќи ги сите ваши сетила истовремено? Ако можете, тогаш направете си услуга на себеси и почнете да ја освојувате вашата скорпија. Ако не сте доволно емоционално длабока личност, тогаш најверојатно ова момче не е за вас. Немојте да се плашите да му пристапите. Наместо да одите да му го побарате телефонскиот број, дајте му го вашиот. Кажете му дека е многу атрактивен и да ви се јави доколку сака да проведе време со вас. Тој многу лесно се возбудува кога девојка го прави првиот чекор. Тој сака самоуверени девојки со јако изразена сексуалност. Таквите особини му кажуваат дека без разлика што и да се случи помеѓу вас, вие ќе бидете подготвени за тоа. Кога ќе ви се јави, дозволете му го да испланира состанокот. Машките скорпии се фасцинантни суштества, така што со нив никогаш нема да ви биде здодевно. Местото каде што ќе решат да ве одведат за вашиот состанок, на некој начин ќе претставува рефлексија на неговата личност.

Додека сте заедно, посветете му го целото ваше внимание. Скорпиите се ловци на детали и кога најмалку ќе бидете свесни, тој ќе ве посматра и ќе ги документира сите нијанси на вечерта помината со вас. Кога ќе се подготвувате пред излегување со скорпија, дотерајте се убаво. Имајте на ум дека излегувате со моќно сензуален маж. Акцентирајте ги најдобрите делови од вашето тело. Ако имате големи гради, облечете провокативна блуза, која нема да открива премногу, а ако имате добар задник, облечете ги најтесните пантолони кои ги имате. Доколку забележувате дека тој не може да го тргне погледот од вашите усни додека зборувате и во очите му „светка“ страст, тоа е знак дека сте ја постигнале вашата цел на првиот состанок.
На емотивен план, никогаш не треба да се сомневате во тоа колку вашата скорпија ве посакува. Неговата љубов ќе ја почувствувате со секој дел од вашето тело. Кога вашата љубовна врска ќе созрее и кога тој ќе ве запознае добро, ќе знае и како да ви го даде токму она што ви е потребно од еден маж. Она што треба да го сфатите, е дека за да ви го пружи сето задоволство кое ви треба, мора тој да ја има контролата во вашата врска. Скорпиите имаат една необична особина, со која ги збунуваат другите луѓе, поради што некогаш се сметаат за најтешко сфатливиот знак во зодијакот. Немојте никогаш оваа нивна особина да си ја сфаќате лично, бидејќи тој само се обидува на милион начини да ви објасни како се чувствува и очекува од вас внимателно да го слушате додека го прави тоа.
Скорпиите се слични како животното кое ги претставува – бистри, внимателни и непредвидливи. Тој постепено ќе ги планира неговите чекори, никогаш нема да си го троши времето, но никогаш нема ниту да избрзува со заклучоци. Сите негови љубовни врски најверојатно ќе ја следат ваквата шема. Тој е многу независен и повлечен. Понекогаш неговата таинственост и мистериозност е збунувачка за другите луѓе.
Скорпијата нема да ве „боцне“ со нејзината опашка, ако не ја загрозите на некој начин. Во принцип, претставниците на овој знак се директни и страсни. Благодарение на нивната интуитивна природа, скорпиите ги разбираат потребите на нивниот партнер и ќе направат сè што е во нивна моќ за да му ги задоволат. Понекогаш можеби ќе ви биде тешко да се справите со него, но бидете сигурни дека тој ќе направи да се чувствувате како да сте центарот на универзумот… се разбира доколку сте лојални спрема него.

Скорпиите се доживуваат себеси и нивните љубовни врски многу сериозно. За да го задржите покрај себе морате да ги делите истите ставови. Бидете нежни, верни, отворени и предани кон вашата скорпија. Овие карактеристики плус вашата емоционална длабочина, ќе допрат до неговото срце. Немојте да го заведувате ако не планирате да имате долга и значајна љубовна врска со него. Играњето „валкани игри“ со скорпија не е воопшто паметен потег. Ако сакате цврста интимна врска со него, немојте ни да помислувате да го правите љубоморен за да видите како ќе реагира. Немојте да играте никакви игри кои ќе ја вклучат неговата заштитна ограда. Ако му згрешите тој нема ниту да ви прости, ниту ќе заборави, туку ќе сака да ви се одмазди за болката што сте му ја нанеле. Скорпиите се екстремисти и имаат многу интензивна природа. Тие живеат според мотото „сè или ништо“. Тие се длабоки, страсни луѓе и во нив се крие многу повеќе, од она што однадвор е видливо. Она што лежи длабоко скриено во нив е една бескрајна моќ, страстен сексапил и силен карактер. Овие мажи се одлични заштитувачи и во нивни раце секогаш ќе се чувствувате безбедно и љубено. Со личноста во која ќе се вљуби ќе биде многу сочувствен, тотално лојален и дарежлив. Поточно кажано, љубовната врска која ќе ја имате со некоја скорпија, ќе биде исто толку цврста, како магнетизмот кој ве повлече кон него на почетокот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: angela_ane and Boyka

Maks

Староседелец
Во врска сум со шкорпија и нема ден а шкорпијата да не каже некој црн хумор, мислам дека се знаат и секаде се пикаат каде и да се одат се пикаат сакаат да им успее во се. Што се однесува до љубовта мислам дека некои шкорпии воопшто и не вараат, кога ќе се загледаат во некои личности само таа им е пред очи и тоа останува. Не се трудат доволно за себе во поглед на модата не им смета да носат секој ден едно те исто. И големи мрзи се сакаат некој да ги служи, кога се нервозни пцујат се живо и диво пред се, но брзо се смируваат и се смејат.
И јас сум Шкорпија, не знам како успеа да ме опишеш до детал. Се ми погоди само не црн хумор туку секаков хумор:D
 

smeker

Староседелец
9 март 2012
768
979
1,103
Скопје
имам две другарки шкорпии,нема што да кажам за нив се најдобро.:)
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Дружељубиви, искрени, срамежливи, убави, но и себечни се некако.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Општи карактеристики за шкорпија

Силните шкорпии се управувани од две планети Плутон – планетата на моќта и контролата и Марс – планетата на војната и енергијата. Плутон е извор на власт и влијание, но и на мистерија (во митологијата Плутон е Бог на подземниот свет). Многу шкорпии се „дават во темнината“ и многу често носат црно или шокираат со бои, како црвената и розовата. Мистериозните Скорпии се најнеразбирливиот знак во хороскопот.
И шкорпијата и овенот се управувани од Марс. Во древната митологија, Марс е бог на војната. Под влијание на Марс шкорпиите се стратезите во хороскопот, тајните агенти, кои планираат, додека овните се на чело на битката.
Ако сте родени во овој знак, исто како и митолошката шкорпија и вие реагирате остро на сè и не сакате да се потчинувате на заповеди. Понекогаш развивате самоуништувачко поведение и исто како и шкорпијата може да се „самоизедете“ пред некој друг да го направи тоа. Кога еднаш земете решение не го менувате и понекогаш ги постигате дури и оние цели, кои што други би ги нарекле невозможни.
Шкорпијата е еден од најсилните знаци во хороскопот заедно со лав, водолија и јарец. Оние кои што ќе се обидат да го променат карактерот на шкорпијата ќе наидат на проблеми, затоа што никој не знае која е тајната мотивација за нивните постапки.
Шкорпиите имаат многу сложен карактер. Шкорпијата е знак на сексот и смртта, на крајот и почетокот на сè. Како претставник на овој знак вашите идеи ги разгледувате од емоционална гледна точка. Понекогаш знаете да ги потискате емоциите, но внатрешно сте многу чувствителни. Доста аналитични сте и се задлабочувате во дејствата и чувствата.
Во љубовните односи сте верни, исклучително нежни, страсни, но оној кој е до вас го гледате како своја сопственост. Вие сте толку моќни што луѓето го чувствуваат вашето присуство уште пред да кажете нешто, но и вие ги чувствувате сите вибрации. Го гледате секој детаљ и ги читате луѓето како отворена книга. Вашите пријатели ја знаат вашата лојалност и сè што треба да направат е да свикнат на „високиот напон“. Ако некој ве предаде подобро да внимава – како и шкорпиите и вие нанесувате болен убод како одмазда.
Поради тоа што вашиот знак е мистериозен, поработете на тоа да бидете поотворени со луѓето. Тоа ќе ја развие довербата и ќе ги подобри вашите односи со другите луѓе. Моќта за концентрација на шкорпиите е неверојатна, но внимавајте да не се опседнете. Сопрете ги љубомората и посесивноста преку вложување на повеќе енергија во некаков проект.
Симбол:
Шкорпија
Симболизира:
Мистерија, магија, скриени сили, трансформација, борба, предизвик, завист, промена, страсни драми, наследство, разрушување и воздржување.
Елемент:
Вода
Планета:
Плутон – планетата на моќта и регенерацијата.
Ден од седмицата:
Вторник
Боја:
Црвена
Број:
2
Скапоцени камења:
Железо, опал, рубин и обсидијан.
Најдобри професии:
Јасновидци, психијатари, психолози, лекари, хирурзи, полицајци, детективи, шпиони, војници, банкери, вешти лица, нотари, патолози, сопственици на погребални агенции.
За да се спријателите со нив:
Не им се спротивставувајте, дури и кога не се во право!
Дел од телото:
Органи за репродукција, јајници, гениталии.
Добри карактеристики:
Магнетни, таинствени, страсни, лојални, заштитници, смели, добри советници, категорични, интуитивни, со интензивни чувства и емоции, љубопитни, самокритични, енергични, не примаат средна позиција, поседуваат способност за аналитично мислење.
Лоши карактеристики:
Опсесивни, посесивни, љубоморни, манипулатори, сакаат да се одмаздуваат, секогаш незадоволни, деструктивно критични, тирани, брутални, жестоки, завидливи, нетолерантни.
Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Очи кои ги изразуваат нивните чувства, орлов поглед, смирени движења.
Омилени работи:
Зачинета храна, рок музика, уникатни предмети, безжични апарати, органска храна.
Работи кои ги мразат:
Неискрено ласкање, лични прашања, да живеат во туѓа куќа, прости луѓе.
Можете да ги најдете:
Како седат на ќошот од масата во некој бар; како ги расклопуваат работите и после тоа се обидуваат да ги вратат таму каде што припаѓаат; јадејќи зачинета храна во некој ресторан.
Скриена желба:
Да имаат целосна и комплетна контрола!

преземено од www.femina.mk
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Јас сум шкорпија и сум шармантна,искрена,трпелива,себична-во смисол кога сакаме нешто си го сакаме за себе и само за себе,не сакаме да ги делиме нештата со други.
Се врзуваме за предметите како и за личноста во која ќе се вљубиме.
Е сега лоша карактеристика ни е што толку сме трпеливи што негативните работи кај некој не ги кажуваме со време туку собираме и собираме се со надеж дека тоа ќе се поправи.
И тоа кога ќе се наталожи пукаме и прекинуваме секаква врска со тоа што не повредило.
Затоа и не сметаат за лоши,а ние всушност сме само чуствителни,ништо повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17 and Scars

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
Јас сум шкорпија и сум шармантна,искрена,трпелива,себична-во смисол кога сакаме нешто си го сакаме за себе и само за себе,не сакаме да ги делиме нештата со други.
Се врзуваме за предметите како и за личноста во која ќе се вљубиме.
Е сега лоша карактеристика ни е што толку сме трпеливи што негативните работи кај некој не ги кажуваме со време туку собираме и собираме се со надеж дека тоа ќе се поправи.
И тоа кога ќе се наталожи пукаме и прекинуваме секаква врска со тоа што не повредило.
Затоа и не сметаат за лоши,а ние всушност сме само чуствителни,ништо повеќе.
така е ... ја мислав дека само јас сум ваква ама сепак до знакот било