гледај жалам тоа што татко ти го направил ама тоа нема никаква врска со хороскопскиот знак вакви случаии сум имала во близина кај роднини и не биле они скорпии а тоа за соученикот и мене ми се има случено исто а он не бил скорпија ( тоа намашките им е во природа ) а гледај за понатаму скорпијата не се однесува лошо за џабе кај нас скорпииите важи памти па дупло врати
Скорпија Доколку во подзнак сте скорпија, не навредувајте се ако луѓето стојат на некоја одредена дистанца од вас. Тоа е од проста причина што тие имаат одредена страхопочит кон вас. Вие изгледате премногу интензивно. Тоа е можеби поради вашиот продорен поглед или сексапил. Вие сте динамични и привлечни, па така луѓето мистериозно се навлечени на вас. Сета таа ваша забележлива сексапилност е многу забавна, но имате и темна страна. Понекогаш може да изгледате нерасположено, па дури и малку опасно за луѓето околу вас. Треба да знаете како да уживате во вашиот мистериозен елемент.
Доколку во подзнак сте скорпија, не навредувајте се ако луѓето стојат на некоја одредена дистанца од вас. Тоа е од проста причина што тие имаат одредена страхопочит кон вас. така треба да се држат понастарна иначе се погодиле и за подзнак Скорпија
Во врска сум со шкорпија и нема ден а шкорпијата да не каже некој црн хумор, мислам дека се знаат и секаде се пикаат каде и да се одат се пикаат сакаат да им успее во се. Што се однесува до љубовта мислам дека некои шкорпии воопшто и не вараат, кога ќе се загледаат во некои личности само таа им е пред очи и тоа останува. Не се трудат доволно за себе во поглед на модата не им смета да носат секој ден едно те исто. И големи мрзи се сакаат некој да ги служи, кога се нервозни пцујат се живо и диво пред се, но брзо се смируваат и се смејат.
Познавам две најдобри шкорпии... Лично, не создавам мислење за личностите според хороскопскиот знак, за нив сосем случајно дознав дека се шкорпии, но и двете се премногу добри... Лојални, верни и искрени. Многу си ги сакам!
Заборавив да напоменам дека кога сакаат некого знаат добро да ја чуваат својата партнер/ка. Се прават за неа, а изнерверувањето не го простуваат.Добри личности се.
Машките скорпии ми се подобри, за разлика од женските кои не ги поднесувам во моја близина. Женските, барем оние што јас ги познавам, се егоисти, цинични и љубовморни. Кон секого се уништувачки настроени, околу себе шират негативна енергија, се ценат само себеси, нарцисоидни и завидливи. се мешаат по туѓи приватни животи. Ми се допаѓа тоа што немаат влакна на јазикот објективни се и искрени. Машките ми се поинакви. Многу се разликуваат од женските скорпии. Добри пријатели и знаат да чуваат тајни.
јас сум подзнак шкорпија па да издвојам неколку карактеристики кои страшно ми се допаѓаат истрајноста, решителноста, одлучноста, жестокоста и моќта, се јавуваат кај сите скорпии. Тие се страсни, со многу интензивни чувства, на моменти повлечени во себе, анализирајќи ги задоволството и тагата кои животот ги носи. Скорпијата е фиксен знак, кој стои цврсто на земја и има огромно разбирање за другите луѓе. Умее да ги држи ситуациите под контрола и да ги коригира работите, со цел да воспостави ред и мир. Ако сте заинтересирани за жена со хороскопски знак скорпија, тогаш мора да сте многу храбар маж. Таа е најексплозивниот и најинтензивниот хороскопски знак во зодијакот. Скорпијата е емоционално и физички моќна личност, со која не можете да си поигрувате. Ако пробувате да си играте играчки со неа, бидете сигурни дека таа ќе ве победи и ќе ве остави сами во ќошот да плачете со прстот во уста и да ја повикувате мајка ви на помош. Не постои простор за манипулација со овие девојки.