Јас никогаш не сфатив зошто носат жените штикли, и сета таа тортура на стапала а преку тоа и на остали зглобови...
It makes me feel pretty.
Пореален и повистинит одговор од овој нема да добиеш. Има нешто во нив што те прават да се чувствуваш женствено, а елегантен аутфит не ми оди без добра штикла.
Е сега, модата ко мода, мора да има некој екстрем. Екстремно висока, копитарска штикла и мене не ми е убаво. Посебно кога некој е ситен, или кога некој не знае да оди на нив, тогаш делуваат грдо. Тие не се за носење, затоа гледам дека им врви и нив времето, што многу ме радува.
Плус штиклата се носи денес секаде и секогаш и затоа си губи од убавината. Јас ги сакам, ама си ги носам навечер, онака викендашки. Кога нешто се носи насекое станува монотоно.
Иначе си почитувам и јас ниска чизма, балетанка или патики, ама знам да си облечам и штикли. Иначе мене не ми е ниту смешно ниту пак сметам дека е срамно ако некој не ги преферира. Ствар на вкус е, кој што сака нека носи