Good fellas

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Денес е Божиќ и точно сто години од еден неверојатен настан кој е важен денес исто колку и тогаш и кој секогаш ја враќа вербата во човештвото, барем на момент.

Божиќ, 1914.
Западниот фронт, смрт и страдање, јуриши кон бодликавата жица преку ничијата земја, од Ла Манш до Швајцарската граница се дешавала масовна кланица.
Да бидат работите уште погадни, ако тоа е можно, и природата се придружила кон човечкото зло испраќајки ги најниските температури откога истите се мереле.
Снајпери вребале прилика да убијат понекој невнимателен војник или уште подобро, офицер на противникот.

Во таква атмосфера пристигнала и божиќната ноќ.
На двете страни на рововите на линијата на фронтот луѓето чмаеле, се срмзнувале и чекале да се раздени.

Одненадеж чудни звуци почнале да допираат од германските ровови. Со секој тон се` поразбирливо, низ маглата и смдеата на трули лешеви, низ кратерите полни со затруена вода, стаорци и блато, низ матната ноќ и преку ничијата земја - до британските и француските уши почнале да надоаѓаат стиховите на Stille Nacht, Heilige Nacht. Прво поедини гласови а потоа се повеќе и повеќе германски војници почнувале да пеат. Наскоро, низ целата линија, десетици илјади грла ја пееле најпознатата божиќна песна.

Низ образите на премрзнатите и шокирани сојузнички војници се појавиле и првите солзи. Веројатно тоа било последно што го очекувале на светот во тој момент. Смртта секако била очекувана со многу поголема сигурност. Песната почнала срамежливо да се пее на англиски и француски, во обете варијанти. Една песна три јазици, една ноќ.

После извесно време стражите забележале германски војници со бели знамиња и без оружје како се појавуваат на ничијата земја и како зборуваат нешто. Неколку поочајни или позабегани војници од сојузничката страна самоволно се упатиле да се сретнат со своите непријатели. Дошло до првиот мирен контакт меѓу луѓето на двете страни. Набрзо средбата станала масовна и се разменувале цигари, оние кои го знаеле јазикот на противникот почнале муабет, се поделиле скромните оброци меѓусебе.

На британците им текнала и сосема британска идеја во мугрите, се појавиле неколку импровизирани фудбалски топки и започнале неколку фудбалски меча. Тој ден никој не запукал и наредбите скоро и да биле игнорирани.

Офицерскиот кадар на двете страни бил шокиран и загрижен од ваквите испади на човечност и високите генерали одлучиле да стават крај на толку шокантни и непатриотски појави како играње фудбал и делење порција со довчерашен противник. Паднале и првите смртни пресуди за предавство и луѓе биле стрелани за делење цигара со човекот мобилизиран и донесен на фронтот од спротивната страна.

Наредните денови млади луѓе биле изнесувани на стрелање, неможејќи да ги контролираат меурот и дебелото црево од страв, врискајќи и плачејќи, проклети сцени кои ги нема во ниеден филм но кои служеле како опомена дека државата очекува да го убиеш посочениот непријател а не да пееш божиќни песни со него.

Настанот останал на маргините на историјата но и како таков е поважен од сите одвратни битки и војни операции кои збришале цела една генерација.
Таа ноќ.
Таа ноќ ги искупила сите гревови на човештвото во тој момент.

П.С.
Како на изразито емоционална па чак и сентиментална особа, згора на тоа и особа која бега од авторитет како од болест, кога првпат читнав за овој настан не би гарантирал дека не се појавија солзи во очите.
:place:place:place
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel

Ова е приказната кога за прв пат почнало да се игра фудбал, така? :)
Супер иначе, браво.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ова е приказната кога за прв пат почнало да се игра фудбал, така? :)
Супер иначе, браво.

Фудбал се играло од многу одамна пред тие настани, утакмиците не биле нешто официјални, се поделиле војници од двете страни и играле во блатото, онака...

Да се корегирам, денес е божиќ за католици и протестанти, за православни е на 7.јануари, just saying :)
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Фудбал се играло од многу одамна пред тие настани, утакмиците не биле нешто официјални, се поделиле војници од двете страни и играле во блатото, онака...
Епа кој знае што сум мислел додека сум читал. Нема врска интересна приказна е. :)
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не е приказна, вистински настан е иако делува скроз неверојатно...
Знам дека е вистински настан. Не знам што ми дојде да пишам приказна, сакав да кажам дека сум читал некаде за ова ама изгледа толку сум разбрал и сум го поврзал настанов со тоа демек прв пат почнале фудбал да играат после ова.

Ретко пијам, ова е еден од ретките.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Фудбал се играло од многу одамна пред тие настани, утакмиците не биле нешто официјални, се поделиле војници од двете страни и играле во блатото, онака...

Да се корегирам, денес е божиќ за католици и протестанти, за православни е на 7.јануари, just saying :)
Па и не баш. Грците, румунците и бугарите вчера/денес слават. Смена на календари.
Останавме ние србите и русите.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Па и не баш. Грците, румунците и бугарите вчера/денес слават. Смена на календари.
Останавме ние србите и русите.

...и црногорците(party)

Кога сме кај Божиќното примирје, еве нешто во контекст на текстот на @Outrider .

Реклама за чоколадо?! :eek: