Абе ова малце брутално и деструктивно да не ќе е настроено? Со звукот оди и тајниот боен отров, сепак секта ќе сме, не култ со задни намери.
Мада едно Гравоговорие може некаде да се вметне, чисто за општо запознавање со опасностите.
Може да се направи Ред на тајната Вегета. Таа бабата шо ја измислила ќе биде прогласена за првосвештеничка на вегетините мистерии и ќе ужива култен статус. Нејзините писанија (ако ги има, ако не здравје) ќе бидат прогласени за премудри списи кои кријат милениумски тајни и рецепти за бесмртност со пола лажичка вегета.(Holy Vegeta!)
На аџилак ќе се оди во Копривница, Р.Хрватска каде се наоѓа храмот на Вегетата. (Ave Vegeta!)
Или во местото каде што се родил Пророкот, наведената баба.
Знакот за вегета (Praise the Vegeta!), дебел кувар со дрвена лажица ќе стане таен нумеролошко-космолошки нацрт кој не е дешифриран уште од времето кога Конквистадорот Пепе закаснил поради стомачни проблеми и не успеал да се качи на Санта Марија, бродот со кој Колумбо кинисал за Индија. Откако останал во Шпанија почнал да се бави со аграрна езотерија но не успеал да направи Вегета. (Hail Vegeta!) Затоа Пепе оставил пророштво дека тој не е Избраниот туку дека е Таа, а таа ќе дојде покасно, во време кога челични кочии без коњи ќе шетаат по улици, во друга земја.
Таа дојде и успеа да ја одгатне тајната и после векови и векови конечно направи - Вегета. (Save the Vegeta!)
За титули, сами ќе си поделиме ако предлогов се усвои на гласање. Ако не, некој друг ќе треба да предложи некое божанство или пророк.
Само не знам, нема толку религиозно неопределени колку што мислев, можда парвати ќе ни се придружи.