Младите се на потег да не бидат кукавици, да не бараат полесен начин или пократок пат до било која цел која што си ја зацртале. Бидејќи тоа создава предавници. Кукавицата е предавник и мрзливиот.
За моментален подобар живот таквите се продаваат лесно.
На тоа мислев. Делот со предавниците што ги спомна членот кој го коментирав на таа тема.
А другото мислам дека е јасно дека национализмот треба да изгасне од сите страни. Бидејќи секој патриот денес, посебно оние кои немаат врска со историја, политика, од било која страна зборува за Голема X (на местото на X стави име на држава на Балканот). А тоа не води кон добро.
Јас имам пријатели од Грција, Бугарија и други земји и тие немаат проблем со тоа што јас сум Македонец и што државата во која живеам се вика Р. Македонија.
До поединци е и до политиката. Мора да раснеме, да ги надминуваме овие пречки кои се тука само за да те држат заробен.
Се надевам појасно е сега...