Зошто да ми е незгодно? Кога сум во право ништо не ми е незгодно. Нон стоп им викам на другарите не поминувајте на црвено, пак ќе изгубите 2-3 мин чекајќи ме мене. Они не, трчат на црвено и после ме чекаат мене јас да си поминам на зелено
И ќе сфатам ако недозреани детишта и стари бабетини трчат, ама баба со внуче бе од 1-2 годинки и го тера да претрчува на црвено. Прво, шо ако залута некоја кола и ги згазе? Ако не и е мил нејзиниот живот нека мисле на детето. Второ, што го уче утре да преминува на црвено?
И после некој ќе ги носи на совест оти не можат да почекат една минута, као една минута ќе им смени нешто ако стигнат побрзо. Е да, возачите се криви!