@Saladin Чај од ѓумбир нема во филтер кесички, така? Значи треба да купам корен? И како иде тоа, ако не ти е мачно да ми објасниш како да го подготвам.
Gladly Чајот се продава во т.н. гро-пакувања од по 100-200- и натака грама. Од ѓумбир имаш на Виталија, во секој поголем маркет. Амбалажата му е беж, исто и чајот. Страваш две лажички во топла (не е баш препорачливо brewing) вода и мешаш. Оставаш да отстои некои 15 минути! Самиот чај има слатко-лута жичка, но можеш и шеќер да му додадеш, иако јас препорачувам мед. Не го пиеш целиот на екс, туку полека, голтка по голтка. Некои викаат да го прочистиш низ цедилка за да не се формира талог (пошо ова е ѓумбир во прав), но мислам дека е занемарливо и можеш по проста постапка на декантација да го избегнеш.
@MissChievous зошто не пробаш со оригано? Мене секогаш ми помага против кашлање. Една лажичка оригано да одстои во вода половина час потоа проѕеди го и секако мед во зависност од вкусот, зошто ориганото лути. Исто така би ти препорачала чај од тегавец или бозел.
Па не би рекла.. Мајчината душица има неутрално/сладок вкус додека ориганото е луто. Е сега, мајчината душица ја имам сретнато кај нас во некои текстови исто именувана како оригано, и искрено не знам зошто. Побарав малку на интернет за имињата на мајчината душица е Thymus vulgaris додека ориганото се води како Origanum vulgare.
Внимавајте со чајот од ѓумбир кога го пиете за прв пат. Не пијте поголема количина затоа што може да делува лаксативно, а и тие што имаат осетлив желудник. Придржувајте се на упатството за користење и не претерувајте!
До пред малце се ѕверев во Тинекс кај чаевите, за жал не најдов, ама може попосле да ѕирнам во Веро. На Виталиа најдов чај од бел слез од 50 грама и се двоумев, ама не земав. Сирупот што го пиев беше од бел слез и не ми помогна. Но дефинитивно ќе пробам со чај од ѓумбир, језда скептична сум поради силниот вкус, ама ќе издржам некако. Прв пат слушам дека може ориганото да помогне за кашлица и дефинитивно ќе си подготвам сега, бидејќи баш при рака ми е. Фала дечки на советите.
Се препочитав и видов сум заборавила да пишам врела вода, па да се дообјаснам. Инаку нема проблем,само да помогне
Чај пијам како вода. Може да се случи дома во еден ден да испиеме и до 6 литри чај(секако не само јас, станува збор за тројца). Чајот го поиам како што е, без шеќер, без додатоци. Ако има мед, може, ама повеќе си сакам чист чај. Ама во последно време со цимет го пијам. Да напоменам дека сите чаеви ги сакам, ама еден најмногу: од цимет. Се става стапче цимет во 700-800 мл зовриена вода. Стапчето се вади кога чајот ќе довие убава темноцрвена боја, скоро кафена. Стапчето може 2-3 пати да се употреби ако веднаш по вадењето од чајот се стави до чаша врела вода. По 2-3 часа да се извади и да се исуши. Најдобра комбинација: чај и книгИ.