Чај

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Се наоѓаме на прагот на есента каде што не чекаат се почести денови со дожд и пониска температурата. Ваквите денови, покрај со топлото чоколадо, ги пречекуваме со омилениот чај.

tumblr_lzuq0cqiHv1qlvb6so1_500.jpg

Некои луѓе го заменуваат утринското кафе со шоља чај. Дали пиете чај во текот на целата година, или пак само во студените денови?

tumblr_m8geli9BTv1rtfxc9o1_500.jpg
Покрај незаменливото задоволство од совршено направениот чај, секојдневното конзумирање претставува здрава навика. Од многубројните видови на чај, некои се особено здрави и се препорачуваат од докторите при различни заболувања. Во оваа тема, може да споделуваме совети и корисни информации за чаевите.
tumblr_m6lhpzmqgM1r2t9vpo1_500.jpg
Како го пиете својот чај? Повеќе го сакате без ништо, или пак со лажичка шеќер или мед? Имате ли навика да додате парче лимон, малку цимет, или нешто друго? Имате ли омилена храна со која совршено ви одговара чајот кој го обожавате?

tumblr_ma6srvkm9r1qe2gajo1_500.jpg

За крај, кој е вашиот омилен чај?

Јас преферирам овошни чаеви, а најмногу го сакам оној од боровинка. Особено ако е во комбинација со ванила. Исто така, обожавам чај од портокал.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
Не сум многу по чаевите, највеќе сакам чај од бозел со многу лимон и една лажичка шеќер, исто сакам од нане и мајчина душица исто со многу лимон. Оние овошните воопшто не ми се допаѓаат.
Од кучечките најубави ми се од good nature, а нема ништо поубаво од природен планински чај. :)

Чајот најмногу ми оди некако со тенко парче леб намачкано со некој џем.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,996
9,627
1,683
Normandy
Ако сакам нешо за пред филм, книга, лагана литература, зимам од овие зашеќерените (овошни/брусници/шипки)
Црниот и зелениот ми се омилени поготово за трипови, зачувување на инспирација, пишување проза. Иам една кутија црн чај од Уганда, ептен мама расплакуе. Ставам често лимун (кај оние неовошните), шеќер скоро и да не - залажува и те прави повеќе жеден. Повеќе мед.
И да... со тост (печено лепче увек праам енглески (црн со млеко)
 
  • Like
Реакции: Big Berta and parvati

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
887
1,090
1,093
Скопје
Порано не бев многу по чаевите,али кога отидов во Русија ме заразија,во текот на денот пиев по едно 3-4 пати.
И сега кога се вратив истото ми е и тука,најубав ми е црниот и оној од портокал и цимет....уствари секој чај ми е убав бе :rolleyes:
 
  • Like
Реакции: Anakin and Saladin

Dare

Староседелец
15 јули 2012
84
86
618
Пијам чај од хибискус, а по некад и зелен чај...овој зелениов некои го ролаат у папирус, ја стварно незнам како се праи тоа и како после тоа го пијат :/
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,263
9,106
1,683
Додека лежев во инфективно пред едно 13тина години, ми даваа чај без шеќер. Од тогаш се научив да не пијам чај со шеќер. Инаку пијам само чај од нане и камилица :) awesome
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,490
1,123
Скопје
Омилен, најомилен ми е домашен чај од нане.
Не пропушатм да пијам секогаш кога врмето дозволува и вкусот на домашниот чај од нане си нема врска со оние филтер кесички наречени чај од нане.
Ако не сум дома за да пијам нане, тогаш сакам некој овошен - шумско овошје, јагода со ванила итн.
 
  • Like
Реакции: Y1K991, Mystique and Anakin