- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,019
- 1,683
Gladly@Saladin Чај од ѓумбир нема во филтер кесички, така? Значи треба да купам корен? И како иде тоа, ако не ти е мачно да ми објасниш како да го подготвам.
Чисто онака да прашам, мајчина душица не е слично со оригано?@MissChievous зошто не пробаш со оригано? Мене секогаш ми помага против кашлање. Една лажичка оригано да одстои во вода половина час потоа проѕеди го и секако мед во зависност од вкусот, зошто ориганото лути. Исто така би ти препорачала чај од тегавец или бозел.
Чисто онака да прашам, мајчина душица не е слично со оригано?
Gladly
Чајот се продава во т.н. гро-пакувања од по 100-200- и натака грама. Од ѓумбир имаш на Виталија, во секој поголем маркет. Амбалажата му е беж, исто и чајот.
Страваш две лажички во топла (не е баш препорачливо brewing) вода и мешаш. Оставаш да отстои некои 15 минути! Самиот чај има слатко-лута жичка, но можеш и шеќер да му додадеш, иако јас препорачувам мед.
Не го пиеш целиот на екс, туку полека, голтка по голтка. Некои викаат да го прочистиш низ цедилка за да не се формира талог (пошо ова е ѓумбир во прав), но мислам дека е занемарливо и можеш по проста постапка на декантација да го избегнеш.
@MissChievous зошто не пробаш со оригано? Мене секогаш ми помага против кашлање. Една лажичка оригано да одстои во вода половина час потоа проѕеди го и секако мед во зависност од вкусот, зошто ориганото лути. Исто така би ти препорачала чај од тегавец или бозел.
До пред малце се ѕверев во Тинекс кај чаевите, за жал не најдов, ама може попосле да ѕирнам во Веро. На Виталиа најдов чај од бел слез од 50 грама и се двоумев, ама не земав. Сирупот што го пиев беше од бел слез и не ми помогна. Но дефинитивно ќе пробам со чај од ѓумбир, језда скептична сум поради силниот вкус, ама ќе издржам некако.
Прв пат слушам дека може ориганото да помогне за кашлица и дефинитивно ќе си подготвам сега, бидејќи баш при рака ми е. Фала дечки на советите.