Да имаше кладба,сигурно ќе добиев пари.
Откако ја прочитав темава, надоле веќе и бев повејќе од 80 % сигурен, дека коментарите што следат се рандом цитат од хороскопскиот знак и “Леле ама ми се погоди“
)))))
Мора да напоменам, еве СЛУЧАЈНО избрани делови, па да видиме дали има човек што НЕ БИ ГО ИЗНЕРВИРАЛО ОВА:
Возови, авиони и автомобили кои доцнат
Кога не летаат во прва класа
Сопатници кои страдаат од морска болест
Луѓе кои се жалат премногу
Луѓе кои се плашат да преземат ризици
Кога некој ќе им рече дека не знаат како да се однесуваат со парите
Луѓе кои очекуваат од нив да стигнат на време
Изгубен багаж
Мачење животни
Да читаат за кршењето на човековите права
Кого не го нервира човек што се жали премногу?
Кој сака да слуша критики за парите?
Кој не би сакал да лета во прва класа?
Кој обожава да му касни воз/авион/било-кој-превоз?
Кој е толку самоуверен што секогаш стигнува навреме?
Ретко кој би сакал да гледа мачење на животни, или кршење човекови права ,и така далје.
Ја мислам дека се ова случлајно распоредени особини, што секој човек би го изнервирале, а не само одредена припадничка група на некој хороскопски знак. Во принцип, астрологијата е куп гомненици, кога ја наоѓаме на интернет,дневни весници, и случајни портали. Највеќе се смеев, кога сајтот, на чиј форуим коментирам моментално,објавија: АСТРОЛОГИЈАТА И ФЕЈСБУК АПЛИКАЦИИ, па кој знак што слика имал на профил, што апликации користел,кои игри му биле омилени на овен, а зошто лавот не прајќал лопати на фармвајл, зошто бикот орал на фармвајл двојка а девицата се плашела да му прати покана за мафиа варс....
Тоа се вика, поточно кажано куп глупости, али така склопено, да човекот СТВАРНО ПОТРОШИ некое време, се додека не го потполни времето предвидено за секој корисник што ќе посети одреден веб сајт. Со цел, што повеќе трафик на сајтот и посетеност.
Да се тргниме понастрана од денешните глупости што ги читаме од машините за перење мозок (медиумите),а тоа се тв, случајни весници, или портали кои копираат вести. Ако човек сака да ја проучи вистинската астрологија, во превод тоа е наука за психологијата на човекот во однос на астролошките промени.
Човечката психа е на некој начин конструирана да го менува и начинот на функционирање во однос на промените на сончевиот систем. Луѓето родени на зима имаат еден карактер, за разлика луѓето родени на лето. По тоа настанува и поделбата измеѓу хороскопските знаци.
Ама дека Стрелецот мразел авион што касни, или овенот кантри музика, е малку и апсурдно. Што ли правеле и мразеле стрелците, пред 200 години кога авионите не биле измислени?