Хороскопските знаци и простувањето

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Овен
Лесно се навредуваат и лесно простуваат, но само ако сте ги повредиле ненамерно. Важат за многу посесивен знак, и не им простуваат на оние кои намерно ги навредуваат или загрозуваат нив или нивниот партнер. Избегнувајте конфликти со овен, не ја погодувајте неговата суета, бидејќи тоа ниту ќе го прости, ниту ќе го заборави. Ако овенот е заљубен во вас, без оглед на тоа што секогаш мора да биде во право и не е толерантен, ќе ви прости само затоа што не сака да си го комплицира својот живот.
Бик
Тешко простуваат бидејќи никогаш не забораваат ако сте гo игнорирале, ако сте ја загрозиле неговата гордост, неговото семејство и неговиот дом. Очекува внимание бидејќи е суетен, но неодолив е дури и кога е своеглав и кога не го исполнува она што ви го ветил, полесно е вие да му простите нему, отколку тој вам. Жената бик полесно им простува на своите пријатели од посилниот пол, отколку на понежниот пол.
Близнаци
Не се едноставни како што изгледаат на прв поглед, затоа што длабоко во својата душа стравуваат дека не ги сакате доволно или дека не ги цените колку што заслужуваат. Кога се чувствуваат така, нема да ви го простат загрозувањето на нивниот одбранбен механизам кој ги штити од емотивни разочарувања. Близнаците не се осветлољубиви по природа.
Рак
Памти сè и не простува лесно, иако во повеќето случаи нема да знаете што сте погрешиле. Тие се шармантни и чувствителни по природа, ако се осмелите да го повредите нивното его или било како да ја повредите нивната суета, не ви се пишува добро. Мажите родени во овој знак не забораваат ако не им понудите рамо за плачење кога им е потребно.
Лав
Ако на неговата лојалност не возвратите со најискрена љубов, нема да ви прости, посебно нема ако сте негов емотиевн партнер. Не го забораваат вашето игнорирање или омаловажување, бидејќи сакаат да бидат центар на внимание. Може да се налутат ако се смеете на нивното детско, размазено однесување, но сепак ќе ви простат. Секогаш ќе ви се најдат при рака кога ви се потребни, но понекогаш сакаат некому да стават до знаење дека без нив нема да можете да успеете.
Девица
Не се злопамтила, подготвени се да издржат дури и навреди, но не им се допаѓа ароганција. Не сакаат изненадувања кои не се по нивен вкус, и на исите реагираат бесно и нервозно. Не поднесуваат неразумни луѓе. Не го простуваат лажното претставување на вашата личност.
Вага
Уживаат во пофалби и комплименти, а не простуваат и не забораваат ако не сте фер, ако ги игнорирате или ако не бидат приметени во друштво во кое сакаат да заблескаат. Пофалбите ја хранат нивната суета и скриените потреби за суптилна доминација. Поради љубов, во состојба е и никогаш да не простат.
Скорпија
Ценат чесност и лојалност, не поднесуваат измама и затоа не простуваат лесно. Кога престануваат да љубат, не значи дека им здосадила таа личност, туку дека ги разочарала и не можат повеќе да бидат со неа. Точно знаат што сакаат и како да стигнат до тоа што го сакаат, емотивни се и лојални кон оние што ги сакаат. Кога некого сакаат, му ги простуваат недостатоците. Кога некој не е по нивни вкус, не му ги вреднуваат доблестите.
Стрелец
Не толерираат неискреност и нечесност. Осветољубиви се само ако ја загрозите нивната професионална или општествена позиција. Во љубовта му простуваат на својот партнер само ако тој ги толерира нивните излети.
Јарец
Тешко простуваат изневерување или издавање. Јарецот вреди да го имате како партнер бидејќи е еден од ретките знаци на кои секогаш може да се потпрете. Долго и длабоко во себе ги потиснуваат чувствата на бес и неправда кои ги доживеале, па затоа во тој момент не можат да се спротивстават. Памтат со години и ги чекаат своите пет минути. Јарците сакаат признание за она што го прават, бидејќи често се посигурни во своето знаење отколку во себе.
Водолија
Не се злопамтила и умеат да простат. Но не простуваат нелојалност, непосветеност, посебно кога ве сметат за пријатели и ви веруваат. Го простуваат обидот да ги контролирате или да „владеете“ со нив, бидејќи знаат дека тоа е невозможно. Во љубовниот живот не сакаат да поднесуваат сметки, а подготвени се многу да простуваат, како би се извиниле за своето егоистичко однесување.
Риби
Долго паметат навреди, првенствено поради изразената суета. Знаат да тераат инает и често одат против себе и своите интереси, односно самите си наштетуваат себеси. Ако не им придавате значење колку што тие сметаат дека заслужуваат, не простуваат. Во љубовта трпат многу, дури и личност која ги понижува или омаловажува, но кога еднаш ќе одлучат да стават крај, нема простување и ништо не може да ги натера да се вратат назад.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Е сега се ми погодивте:)

Лав
Ако на неговата лојалност не возвратите со најискрена љубов, нема да ви прости, посебно нема ако сте негов емотиевн партнер. Не го забораваат вашето игнорирање или омаловажување, бидејќи сакаат да бидат центар на внимание. Може да се налутат ако се смеете на нивното детско, размазено однесување, но сепак ќе ви простат. Секогаш ќе ви се најдат при рака кога ви се потребни, но понекогаш сакаат некому да стават до знаење дека без нив нема да можете да успеете.

Простува но не заборава:nah
 
WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Риби
Долго паметат навреди, првенствено поради изразената суета. Знаат да тераат инает и често одат против себе и своите интереси, односно самите си наштетуваат себеси. Ако не им придавате значење колку што тие сметаат дека заслужуваат, не простуваат. Во љубовта трпат многу, дури и личност која ги понижува или омаловажува, но кога еднаш ќе одлучат да стават крај, нема простување и ништо не може да ги натера да се вратат назад.

Потполно точно, не простувам лесно.:)
 
КрисТина К.

Истакнат Член
2 март 2012
527
1,654
393
Скопје
Не се злопамтила и умеат да простат. Но не простуваат нелојалност, непосветеност, посебно кога ве сметат за пријатели и ви веруваат. Го простуваат обидот да ги контролирате или да „владеете“ со нив, бидејќи знаат дека тоа е невозможно. Во љубовниот живот не сакаат да поднесуваат сметки, а подготвени се многу да простуваат, како би се извиниле за своето егоистичко однесување.

Точно е, се си е на место :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Јарец
Тешко простуваат изневерување или издавање. Јарецот вреди да го имате како партнер бидејќи е еден од ретките знаци на кои секогаш може да се потпрете. Долго и длабоко во себе ги потиснуваат чувствата на бес и неправда кои ги доживеале, па затоа во тој момент не можат да се спротивстават. Памтат со години и ги чекаат своите пет минути. Јарците сакаат признание за она што го прават, бидејќи често се посигурни во своето знаење отколку во себе.
Пааа до негде точно.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Dee Dee

Исто..Прв пат нешто да се погоди :giggle