Хомосексуалност

Markov

Нов член
11 март 2012
12
28
3
33
И јас колку што го разбрав Марков, на ниеден начин не сакаше да ги карактеризира стрејт семејствата како лоши а геј како добри, туку едноставно кажуваше дека нема еден вид на "правилно" семејство.

Мило ми е што ме разбра. :)

Markov мене ме интересира дали твоето семејство е запознаено со фактот дека си геј и како изреагирале на истото...
Oooo.. не.. то е процес за кој се собира храброст.. многу долго. То е момент кога знаеш дека твојот живот ќе се смени за 180 степени.. а таков чекор е.. хмм.. ризичен.. Не знаеш на што ќе наидеш.. Сум размислувал долго за тој чекор, но досега имам споделено само со брат ми.. и се надевам никогаш дека нема да морате да пројдете низ по"awkward conversation"...
Мислам резултатот беше прекрасен, бев прифатен, одобрен. Ми рече само: „Твој живот, твое право. Ако си ти среќен, тогаш и јас ќе бидам“. И знам дека звучи ко од книга но.. :D
Како и да е.. моите родители ќе мораат да почекаат, и да се прашуваат зошто сеуште немам фатено женска. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten and Taery Scarlet

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Не мислам дека е ист процесот бидејќи како што можеш да приметиш дека има голема нетолерантност спрема геј популацијата. Али у секој случај имаме два членови кои можат подобро да ти објаснат и на мене да ми објаснат каков е тој процес.

И очигледно нема разбирање за што значи парада и не знам од каде се тие идеи за пад на моралот, оргии мислам нема потреба за такви карикатури кои немаат благе везе со реалноста.

И јас колку што го разбрав Марков, на ниеден начин не сакаше да ги карактеризира стрејт семејствата како лоши а геј како добри, туку едноставно кажуваше дека нема еден вид на "правилно" семејство.

Не ни реков дека процесот е ист, само дека за сите е тежок - за некои повеќе, за некои помалце. Малце е претерано геј заедницата да го заземе неприфаќањето од општеството како свој проблем кој никој друг го нема. Многу луѓе не се прифатени, боже мој, сигурно си била сведок на мал милион ситуации кога индивидуа не се вклопува во некој моментален тренд и автоматски е отфрлена. Повторно кажувам - не ги изедначувам овие ситуации со декларирањето како геј во јавност - едноставно кажувам дека не живееме во идеален свет каде секој треба и мора да биде разбран и прифатен. Стојам на тоа дека парадата е too much, зашто самата масовност на појавата носи со себе одредени последици и идеи и тоа е и те како реално.
Во однос на семејствата - реално е дека секое семејство, било геј било стрејт би имало свои мани и предности, али ако постои дете сирак, на кое му е потребно семесјтво кое ќе го згрижи во права смисла на зборот и ако постојат две семејства (едното геј, едното стрејт) кои се подеднакво компетентни да го згрижат тоа дете според мене на тоа дете не би требало да му биде одземена можноста за традиционален живот со можност за избор ( дали понатаму ќе се декларира како геј или стрејт личност)
Ќе повторам уште 100 пати - бидете си вие геј, ваша работа, али не барајте од општеството нешто што самата природа ви го ускратила - можност за репродукција
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Markov а во јавност се појавувате со партнер? И уште едно нешто малку поинтимно ако не сакаш не ми одговарај. Дали практикувате сексуални односи и не сфатив сега баш дали отсекогаш си склон кој мажи или имаш искуства и со девојки па си можел да заклучиш што повеќе ти се допаѓа? И како откри дека си геј не ми е баш најјасно како се соочуваат луѓето со тој момент...
 
Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com

Не разбирам баш што ти е толку проблематично околу парада и какви се тие идеи кои се јавуваат и што е толку неприфатливо. И да нормално дека не живееме во совршен свет ама мислам дека треба барем да пробаме да го направиме подобар заедно преку дијалог, дискусија, парада, владини и невладини организации. А за мене подобар свет е оној каде што ќе учиме да се прифаќаме еден со друг.

А за семејството, јас сметам дека посвојувањето е интимен процес во кој тој што го дава детето на посвојување има збор околу тоа каде ке биде детето (не секогаш и не секаде нормално). Јас ако некогаш дојдам во таква ситуација и со моето искуство со геј заедницата (имам привилегија да знам многу луѓе кои се геј иако нормално и тие се луѓе како и сите со свои мани и недостатоци), мислам дека не би можела да речам оваа двојка е подобра бидејќи се хетеросексуалци.
 
Markov

Нов член
11 март 2012
12
28
3
33
Во однос на семејствата - реално е дека секое семејство, било геј било стрејт би имало свои мани и предности, али ако постои дете сирак, на кое му е потребно семесјтво кое ќе го згрижи во права смисла на зборот и ако постојат две семејства (едното геј, едното стрејт) кои се подеднакво компетентни да го згрижат тоа дете според мене на тоа дете не би требало да му биде одземена можноста за традиционален живот со можност за избор ( дали понатаму ќе се декларира како геј или
личност)
Ќе повторам уште 100 пати - бидете си вие геј, ваша работа, али не барајте од општеството нешто што самата природа ви го ускратила - можност за репродукција
Дали истото би им го направила на стрејт двојка, каде едната личност е стерилна? Нели природата им го скратила задоволството да имаат свое дете? Не мислиш дека е малку нефер?

Markov а во јавност се појавувате со партнер? И уште едно нешто малку поинтимно ако не сакаш не ми одговарај. Дали практикувате сексуални односи и не сфатив сега баш дали отсекогаш си склон кој мажи или имаш искуства и со девојки па си можел да заклучиш што повеќе ти се допаѓа? И како откри дека си геј не ми е баш најјасно како се соочуваат луѓето со тој момент...

Океј, овде веќе навлегувам во интима, но ајде. Немам партнер.. доволно е комплициран и самиот тој процес на најдување партнер, но тоа е сосема друга филозофија. Доколку би го имал, во никој случај не би се појавувале како пар во јавност. Би изгледале ко најдобри другари. Сега би се запрашала, сака промена, а не сака да направи потег.. Тоа е масивен потег, не индивидуален. Следно прашање, дали сум бил склон кон девојки. Девојките ... како „суштества“, да, сте прекрасни, можам да ви се восхитувам на убавината и сето тоа, но никогаш не сум бил сексуално привлечен кон девојка. А да, долго време живеев во заблуда дека еден ден се ќе помине, дека е само период, дека еден ден ќе се оженам, ќе имам 2-3 дечиња, куќа, маче, куче и бавча и сите тие работи, но.. колку повеќе се лажиш, толку повеќе тониш во депресија. Колку побрзо се соочиш со вистината, толку побрзо ќе се соочиш и со животот. Да, сум бил со девојка, но како што напоменав погоре, резултатот е тој. :)
 
Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Не разбирам баш што ти е толку проблематично околу парада и какви се тие идеи кои се јавуваат и што е толку неприфатливо. И да нормално дека не живееме во совршен свет ама мислам дека треба барем да пробаме да го направиме подобар заедно преку дијалог, дискусија, парада, владини и невладини организации. А за мене подобар свет е оној каде што ќе учиме да се прифаќаме еден со друг.

А за семејството, јас сметам дека посвојувањето е интимен процес во кој тој што го дава детето на посвојување има збор околу тоа каде ке биде детето (не секогаш и не секаде нормално). Јас ако некогаш дојдам во таква ситуација и со моето искуство со геј заедницата (имам привилегија да знам многу луѓе кои се геј иако нормално и тие се луѓе како и сите со свои мани и недостатоци), мислам дека не би можела да речам оваа двојка е подобра бидејќи се хетеросексуалци.

Добро, за парадата очигледно е дека нема да се сложиме :) На крај, секој има право на свое мислење - го поштувам твоето, се надевам дека ќе возвратиш на ист начин. Ти си за, јас сум против - тоа е тоа.

Посвојувањето е далеку од интимен процес, тука има многу протоколи и критериуми кои мора да бидат проследени и задоволени за да може да дојде до конечниот чин на посвојување ( во случај на посвојување на дете сирак кое е оставено од биолошките родители) Адоптивните родители се проверуваат темелно - од наследни болести, финансиска состојба, психолошка процена, сколоности кон зависности, начин на живот ( за време на бракот, а и пред склучувње на истиот) и уште многу други работи.
Во секој случај, постојат правила и некој природен тек на работите. Чудно ми е тврдењето дека истополово семејство може да го замени традиционалното семејство. На тој начин се оди против природата, против фундаменталното сфаќање на човековото постоење - маж и жена и нивните потомци. Значи, тргни на страна општеството или фанатиците што се водат под паролата УБИ ПЕДЕРА и слично. Самата природа не го дозволува нивното репродуцирање. Океј, факт е дека постојат, дека се тука и дека како такви треба да можат да функционираат, али тоа функционирање треба да биде во рамките на нивните можности. Се што ги преминува тие рамки се граничи со хаос и дисбаланс.
 
Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Дали истото би им го направила на стрејт двојка, каде едната личност е стерилна? Нели природата им го скратила задоволството да имаат свое дете? Не мислиш дека е малку нефер?

Мојот аргумент е дека не постои ниту една геј двојка која има можност за репродукција - тоа е факт кој не може да се побие. Твојот пример се однесува на стерилност -медицинска состојба за која еден ден може и ќе се изнајде лек, бидејќи (да се изразам малце вулгарно) тука е целата потребна опрема. Не верувам дека науката некогаш ќе најде начин две лица од ист пол да имаат свое биолошко дете, така да споредбата не е баш на место.
 
Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
Добро, за парадата очигледно е дека нема да се сложиме :) На крај, секој има право на свое мислење - го поштувам твоето, се надевам дека ќе возвратиш на ист начин. Ти си за, јас сум против - тоа е тоа.

Посвојувањето е далеку од интимен процес, тука има многу протоколи и критериуми кои мора да бидат проследени и задоволени за да може да дојде до конечниот чин на посвојување ( во случај на посвојување на дете сирак кое е оставено од биолошките родители) Адоптивните родители се проверуваат темелно - од наследни болести, финансиска состојба, психолошка процена, сколоности кон зависности, начин на живот ( за време на бракот, а и пред склучувње на истиот) и уште многу други работи.
Во секој случај, постојат правила и некој природен тек на работите. Чудно ми е тврдењето дека истополово семејство може да го замени традиционалното семејство. На тој начин се оди против природата, против фундаменталното сфаќање на човековото постоење - маж и жена и нивните потомци. Значи, тргни на страна општеството или фанатиците што се водат под паролата УБИ ПЕДЕРА и слично. Самата природа не го дозволува нивното репродуцирање. Океј, факт е дека постојат, дека се тука и дека како такви треба да можат да функционираат, али тоа функционирање треба да биде во рамките на нивните можности. Се што ги преминува тие рамки се граничи со хаос и дисбаланс.

Па под интимен мислев дека не е дека детето би го дале на било кој и исто така родителите на детето што сакаат да го дадат може да учествуваат во процесот на одбирањето на двојката. А што е природно или не, никој не вика дека истополовото семејство ќе го замени хетеросексуалното семејство, но тоа не значи дека не треба да постојат и вакви и такви. И да збориме за како работите треба да бидат, за тоа некое "фундаменталното сфаќање на човековото постоење - маж и жена и нивните потомци". Мислам како се размножуваме не треба да дефинира како ке живееме. Едниот е биолошки процес а другиот е постоење кое е оформено од безброј фактори кои секојдневно се менуваат. Сметам дека е арогантно од наша страна да го редуцираме светот на бело и црно, природно и неприродно бидејќи сите живееме некаде измеѓу.

А за парадата мислам дека е битно да се збори иако нормално го почитувам твоето мислење, но сепак сме тука да дебатираме, да се разбереме да научиме еден од друг и затоа мене ме интересира зошто имаш толкав проблем со парадата бидејќи јас сметам ете нели дека е корисен медиум.
 
Taery Scarlet

Нов член
11 март 2012
3
11
3
30
Јас сум straight али комплетно ги поддржувам хомосексуалците.
Значи вака, имам еден другар кој што ми е како брат. Порано нон стоп бевме заедно, знаеше да ислуша, да даде совети, да ме смее, едноставно го имав најдобриот другар на целиот свет, нешто што другите луѓе ми завидувале и уште ми завидуваат затоа што тоа што го имаме е вистинско пријателство. Би го дала животот за него, а сигурна сум дека и тој би го направил истото. И да имав брат, се сомневам дека би се дружела со него толку многу како со другар ми. Чувствував дека го знам цел живот иако се знаевме само неколку години. Не можев да си го замислам животот без него. Еден период, го снема, а кога и да правевме муабет, беше толку депресивен, толку нерасположен и упорно ми кажуваше дека има нешто да ми кажи ама дека сака во живо да ми кажи, а кога ќе се видевме не ми кажуваше. Стварно не знаев што е работата, а сакав да му помогнам но не знаев како. Една вечер, додека ме испраќаше дома ми се довери и ми кажа дека е хомосексуалец. Нема да лажам, тоа беше гром од ведро небо. Не ни имав помислено дека тоа може да е проблемот. Ми требаше време за да го прифатам тој факт, но не траеше долго. Сфатив дека е истата личност и дека ништо не е сменето. Продолживме да се дружиме, и денеска сме поблиски од кога и да било. Тој е најдобрата личност што ја знам и покрај тоа што е геј. Значи тоа што прочитав за болни, нестабилни, е чиста глупост. Тој е далеку поинтелигентнен од сите што ги знам и можам да кажам дека ми го смени животот од корен.
А доколку би го знаеле каква личност е, сигурна сум дека нема да бевте против тоа хомосексуалците да имаат деца. Би било штета таков човек како мојот другар, да нема деца, и сигурна сум дека доколку би имал дете, детето би било изгледано далеку подобро од дете кое што би било кај стрејт родители. Ова го кажувам со голема сигурност. Така да, освен тоа што поддржувам хомосексуалци поддржувам и тоа да имаат деца.
 
Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Па под интимен мислев дека не е дека детето би го дале на било кој и исто така родителите на детето што сакаат да го дадат може да учествуваат во процесот на одбирањето на двојката. А што е природно или не, никој не вика дека истополовото семејство ќе го замени хетеросексуалното семејство, но тоа не значи дека не треба да постојат и вакви и такви. И да збориме за како работите треба да бидат, за тоа некое "фундаменталното сфаќање на човековото постоење - маж и жена и нивните потомци". Мислам како се размножуваме не треба да дефинира како ке живееме. Едниот е биолошки процес а другиот е постоење кое е оформено од безброј фактори кои секојдневно се менуваат. Сметам дека е арогантно од наша страна да го редуцираме светот на бело и црно, природно и неприродно бидејќи сите живееме некаде измеѓу.

А за парадата мислам дека е битно да се збори иако нормално го почитувам твоето мислење, но сепак сме тука да дебатираме, да се разбереме да научиме еден од друг и затоа мене ме интересира зошто имаш толкав проблем со парадата бидејќи јас сметам ете нели дека е корисен медиум.

Како се размножуваме не треба да дефинира како ќе живееме??? Арогантно е да почитуваш природа? Епа ај да отфрлиме се што знаеме, да шетаме голи по улица, да ловиме мали деца за доручек - ќе отфрлиме се што е природно, шо има везе!?!

Не постоиме во некоја мисловна реалност, каде владеат розеви пеперутки и меки, слатки облачиња, туку во овој вистинскиов, реален, материјален свет! Ти биолошки функционираш секој ден - мораш да спиеш, јадеш, извршуваш физиолошки потреби и да се социјализираш. Живееш во природа - колку и да е модифицирана преку технологијата. Сфакам дека имаш неконвенционални ставови и искрено, ти се восхитувам за тоа, али мора да постојат ГРАНИЦИ. Не се што е неортодоксно е и правилно и вредно за бранење.

А парадата, според мене е вулгарен и агресивен медиум. Сакате права - супер! барајте ги, али барајте ги на начин кој е малку посуптилен за да може да ве сфатиме озбилно!