И јас колку што го разбрав Марков, на ниеден начин не сакаше да ги карактеризира стрејт семејствата како лоши а геј како добри, туку едноставно кажуваше дека нема еден вид на "правилно" семејство.
Мило ми е што ме разбра.
Oooo.. не.. то е процес за кој се собира храброст.. многу долго. То е момент кога знаеш дека твојот живот ќе се смени за 180 степени.. а таков чекор е.. хмм.. ризичен.. Не знаеш на што ќе наидеш.. Сум размислувал долго за тој чекор, но досега имам споделено само со брат ми.. и се надевам никогаш дека нема да морате да пројдете низ по"awkward conversation"...Markov мене ме интересира дали твоето семејство е запознаено со фактот дека си геј и како изреагирале на истото...
Мислам резултатот беше прекрасен, бев прифатен, одобрен. Ми рече само: „Твој живот, твое право. Ако си ти среќен, тогаш и јас ќе бидам“. И знам дека звучи ко од книга но..
Како и да е.. моите родители ќе мораат да почекаат, и да се прашуваат зошто сеуште немам фатено женска.