Хомосексуалност

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас не реков дека хомосексуалците се психопати...
Кажав дека психопати се хомосексуалци кои сакаат да бидат родители .
Ако толку инсистирате еве ќе ви кажам од каде таквиот став :
Двајца хомосексуалци од кои едниот претходно бил хетеро и има дете но поради х причини се разделува од жената т.е. она го осава затоа што дознала дека не е тоа што мислела де е и му го остава детето.
После некое време човеков живее со детето и со неговиот партнер притоа детето го тера партнерот да го нарекува мамо.
Најтрагично е што додека татково не е дома другиов се обидува да го силува детето , но за среќа не успева бидејќи по некоја случајност таткото се враќа дома и го спречува . Инаку детето е машко нз дали кажав.
Несакам да продолжувам веќе и ве молам сега кажете ми вие мене дали се ова нормални луѓе ?

Да, во тој случај станува збор за психопат. Но, не поради сексуалната ориентација.
 
L'etoile

Истакнат Член
24 ноември 2013
26
3
303
Ехеееј, полека и ти, цела приказна направи.

А што правиме со тие хомосексуалци, што ќе посвојат дете и место да биде исфрлено на улица, изгладнето и отфрлено ќе добие топол дом и љубов?

Ехх, камо да беше приказна ...
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ехеееј, полека и ти, цела приказна направи.

А што правиме со тие хомосексуалци, што ќе посвојат дете и место да биде исфрлено на улица, изгладнето и отфрлено ќе добие топол дом и љубов?

Мојот избор не би бил да имам двајца татковци од кој едниот би ми бил мајка.
Полека но сигурно го губиме значењето на ,,институцијата,, семејство.
И ова има голем удел во сето тоа покрај другото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: L'etoile

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Мојот избор не би бил да имам двајца татковци од кој едниот би ми бил мајка.
Полека но сигурно го губиме значењето на ,,институцијата,, семејство.
И ова има голем удел во сето тоа покрај другото.

Ни мој не е Мели, но не може да го генерализираме преку една единствена приказна.
Мене ми е пологично тие двајца да не си доделуваат улоги на мајки и татковци. На што ќе се базира тоа? Зборам од психолошки аспект секако.
Но ако веќе одиме по приказната од L'etoile ,тогаш зошто таа мајка би дозволила детето, кое не е криво за ништо, да остане со другиот родител, а не да се грижи за него? Дали тогаш таа е нормална?
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ни мој не е Мели, но не може да го генерализираме преку една единствена приказна.
Мене ми е пологично тие двајца да не си доделуваат улоги на мајки и татковци. На што ќе се базира тоа? Зборам од психолошки аспект секако.
Но ако веќе одиме по приказната од L'etoile ,тогаш зошто таа мајка би дозволила детето, кое не е криво за ништо, да остане со другиот родител, а не да се грижи за него? Дали тогаш таа е нормална?

Секако дека не е,но незнаејки ја причината неможам да коментирам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Сигурно повеќето до сега имате прочитано дека вчера 20 до 30 лица го нападнале и демолирале кафичот Дамар каде што се одржувала роденденска забава за одбележување на вториот роденден на ЛГБТИ Центарот за подршка. Искршени се прозорци, растурен е мебелот и луѓето нападнати се со стаклени шишиња при што некои се здобиле со телесни повреди. И? Дали сите во државава имаме исти права? Дали на сите организации им е дадено правото на прослава без страв од вакви инциденти? Која е поентата и пораката од ваквата нецивилизирана постапка?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Многу е едноставна. Иако тие што се на висока столица голем дел се непроизнесени „педери“, сепак „убаво“ е да се направат вакви инциденти за да после кружат спинови по порталите и медиумите, додека основните проблеми за гола егзистенција се занемаруваат.
Искрен да бидам, тоа што е одбран Дамар е само како колатерала и одличен фитил за луѓе како ти, јас и луѓе со полиберални сфаќања да се замараат со вакви проблеми. Истото важеше и на времето кога го демолираа Њу Орлеанс (во тензичен период = убиство во ѓорче, протести на исламисти, трт мрт). Лошата работа е што ваквите места стануваат колатерала за нечии цели да си играат курташак и да го продлабочуваат јазот помеѓу народот воопшто. Секогаш ќе стојам против државата која во вакви ситуации изгледа немоќна да ги реши, а први се за измислување на дебилни начини на подигање на буџетот преку казнување на обичниот граѓанин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba and Outrider

Се тоа е вистина, но да не беше избран Дамар како локација за прослава, немаше да биде нападнат само затоа што таму често се одржуваат геј забави. Ќе беше нападнато било кое место и да беше избрано. И разбирам која е основната цел, но изгледа има многу луѓе кои не сфаќаат и мислат дека такви напади, нетолеранција и дискримианција ги има само на филм, а кај нас сите луѓе ги имаат истите права. Иначе, еве мислења на рендом човек напишани таму каде што ја прочитав веста за Дамар:

Untitled 1.png Untitled 2.png
 
Отвори ја прикачената датотека 21726 Отвори ја прикачената датотека 21727
Затоа и спомнав колатерала. Само постои и т.н. одбрана колатерала и онаа која се наоѓа во погрешно време и погрешно место.
Да не беше дамар, секако ќе беше Њу орлеанс или да речеме Менада/наргиле кафе, рандом место кое подлегнува како фитил за судир на повеќе култури, етникуми. Тоа што е Дамар а не е да речеме Змија или Чипка (стари се местава па не знам дали се` уште постојат), си има причина зошто. Некој некому пречи, па едните го демолираат ради рајата, другите го ставаат на ударна вест ради спинувањето.
Паралелен пример, за убиство на дете во место на мешан етникум, секако подвлечено и болдирано ќе биде дека детето било албанче/македонче, пошто хеј, народот наш посекако повеќе душевна храна ќе извади со кликање на таква вест, наместо да излезе една вечер да испие кафе во Наргиле да речеме.
Премногу станавме осетливи на национализмот и половата определеност, што заборавивме на главните егзистенционални потреби - парчето леб и топлиот дом. А токму тоа ни` се ускратува со секој поминат ден.
П.С. Секогаш ќе постојат дежурни подбуцнувачи како коментаториве, впрочем тие си/нив им имаат обезбедено егзистенција колку толку.
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Добро како е можно тие што се власт да седат и да го прелистуваат ова како да е најобично нешто направено, нареден пат нема да бидат само телесни повреди ќе биде нешто повеќе и кога ќе загине нечија ќерка или син, кој ќе одговара? или простено ќе му биде на тој со повредил зш жтрвата била геј?????.... НЕ МОРА државава да ги прифати геј луѓето, но Треба да ги среди хулиганските испади и напади на некои луѓе.
Реалноста е сурова кај нас, да ти е страв да испаднеш како пар навечер, или да се криеш 24/7 зошто некој може да ја повреди неа/него, тебе, со кој чии животи не се ни допираат меѓусебно па ти како пар да му пречиш него да си ја тера живеачката или да му "парадираш зш си геј". (facepalm)
Зошто едноставно секој не си го гледа своето чергиче :unsure
 
Последна промена: