Различни дефиниции за психопати постојат, но сите имаат кларифициран опсег на пореметувања кои еден психопат може да ги поседува.
Хомосексуалноста во ниту една од тие дефиниции не е опфатена (освен ако не си читала книги од пред 1973та, каде можеби постои такво нешто).
Всушност, тргната е ко болест уште пред 40 години, а ко таква и прифатена од светските асоцијации пред 23 години.
Психолозите - скептици и хомофоби, со низа „истражувања“ се обидувале да докажат дека еден хомосексуалец има мозочни аномалии, но ниту еден од тие тестови не ги дал посакуваните резултати. Тоа е, пред сѐ, биолошки. А ако биолошко/хормонско пореметување го рамните со психози, тогаш зошто оние со цревни болести, рак, болни бубрези итн, не се самите психички криви за својата болест?
Глупава споредба, не? Но токму толку нелогично е и изедначувањето на хомосексуалноста со психичко пореметување.
Ако се фаќаме за психологијата што вика(ла), најголеми предиспозиции за психопат има оној што бира бизарни начини да ја искаже својата надмоќ над други раси, ориентации, религии итн. т.е. хомосексуалците (во случајов) ги мрази до степен на налудничавост и им посакува смрт на незамисливи начини.
А такви на секој чекор има.
По незнам кој пат го кажувам ова ... Луѓе хелооооуууу јас не реков вакво нешто за хомосексуалци туку за родители хомосексуалци !!! И тука постои разлика , очигледно вие не можете да ја воочите . Ве жалам .