Мала исправка, не може да сведочи романот пошто е белтеристика и е пишуван 1200 години од времето за кое станува збор

Дали во тој роман се опишуваат сексуалните навики на рандом селани од некоја кинеска провинција?
Не реков дека мешаш историја со историографија туку дека истите се премногу склони за проектирање на слика од одреден период базирана врз животот на занемарливо мал сегмент од популацијата, обично раја за која историските извори оставале некој траг, власт, елита, клер... и тоа е тоа, никаде го нема животот на рајата. Тоа ти е исто како некој од 26.век да смета дека рајата во Конго од почеток на 21.век да речеме живеела јако пошто сегашната власт во Конго е богата, патува со приватни џетови на азурна обала, шмрка кока и приредува оргии...а историските записи на располагање зборуваат само за елитата, не и за рајата.
Ова ми е малку чудно со кумот, прв пат слушам за такво нешто, малку ми е тешко веројатно пошто ако кумот го имал првиот секс онда во многу случаи би бил и татко на првото дете пошто немало контрацепција во тие времиња (настрана што можел да биде и извор на некоја СПБ и да ја отера невестата во гроб). Сигурен си дека на овие простори се дешавало тоа?!
Вредноста на невиноста била од сосема практични причини низ историјата, факт кој е тешко да се свари од денешна гледна точка.