Herpes претставува најчеста вирусна инфекција на кожата.
Herpes simplex вирусот после примарната инфекција останува во латентна состојба и при провокација односно активација со различни фактори настанува секундарната herpes simplex ерупција, која го добива името според провоцирачкиот фактор ( herpes simplex traumaticus, febrilis, menstrualis, psyhicus, solaris, medicamentosum итн)
После инкубациониот период од 2-5 дена во кој доминира чувство на јадеж, печење, напнатост, а понекогаш и болка, се појавуваат една или повеќе групи на ситни веикули со бистра содржина, тие се јасно ограничени од околната кожа. Содржината на везикулите после 2-3 дена гнојно се заматува. До колку покривот на везикулите прсне се формираат ерозии со жолтеникави крусти. За неколку дена и крустите отпаѓаат оставајќи еритем кој се губи за 7-14 дена.
Терапијата е локална апликација на ацикловир или хидроциклин. Во потешки случаи може и таблети ацикловир.