Во основа, јас не сум љубител на ниту една од природните науки. Едноставно немам шљив за такво нешто. Подобро ми е да седнам и да прочитам 20.000 страници преполни објаснувања и дефиниции за општеството, раскази за минатото, отколку да седнам и да решавам задачи - не им ја сфаќам поентата и не ми е воопшто привлечно.
НО, бидејќи морав, се натерував себе си, и се обидував да стигнам барем до скромна тројка па на крај година да се смилуваат и да пишат четворка, колку за успех(во мое време не постоеше државна матура да ми помогне да влезам на факултет, потребен беше просекот)
Е сега - ова е земено за другите природни науки - освен Хемијата.
По Хемија, имав 5тка, а знам најмалку од сите. Ми предаваше таква професорка, всушност не ми предаваше туку само кажуваше услов дека мора дадеш 500 денари, за да отидеш кај неа „на дополнителни часови“ и таа ќе ти го даде тестот, и ти ќе си го решиш и ќе си имаш 5тка. Така да, јас годишно си одвојував 2000 денари за Хемија и оценката беше купена.
- И така да, неможам да кажам дали ја сакам или мразам Хемијата, кога... никогаш не сум седнал да учам.