Се извинувам за оф-топик ама морам да кажамВо основа, јас не сум љубител на ниту една од природните науки. Едноставно немам шљив за такво нешто. Подобро ми е да седнам и да прочитам 20.000 страници преполни објаснувања и дефиниции за општеството, раскази за минатото, отколку да седнам и да решавам задачи - не им ја сфаќам поентата и не ми е воопшто привлечно.
НО, бидејќи морав, се натерував себе си, и се обидував да стигнам барем до скромна тројка па на крај година да се смилуваат и да пишат четворка, колку за успех(во мое време не постоеше државна матура да ми помогне да влезам на факултет, потребен беше просекот)
Е сега - ова е земено за другите природни науки - освен Хемијата.
По Хемија, имав 5тка, а знам најмалку од сите. Ми предаваше таква професорка, всушност не ми предаваше туку само кажуваше услов дека мора дадеш 500 денари, за да отидеш кај неа „на дополнителни часови“ и таа ќе ти го даде тестот, и ти ќе си го решиш и ќе си имаш 5тка. Така да, јас годишно си одвојував 2000 денари за Хемија и оценката беше купена.
- И така да, неможам да кажам дали ја сакам или мразам Хемијата, кога... никогаш не сум седнал да учам.
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Никогаш не ми било јасно како некој може да не ги сака природните науки.
Знам, знам, сите имаме различни интереси, различни дарби, различни таленти.
Ама во природните науки се кријат правилата, законите, начините, соодносите.
А во познавањето на правилата се крие бесконечноста.
Колку и да изгледаат како константни, односно колку и да изгледаат како нешто што ограничува, правилата, особено оние во природните науки, се токму спротивното.
Во нив лежи огромна инспирација за било која уметност. И во нив е „тајната“ за ослободување на умот, за поместување на границите, за правење чекор понатака, подалеку, повисоко.